Магијата на матичните клетки

Во последниве години постојано слушаме за матичните клетки, па пред да навлеземе во неверојатните нешта што тие можат да ги направат, најпрво да објасниме што тие навистина се. Дали можат да лекуваат болести? Дали се клучни за клонирањето? Дали можат да ни го продолжат животот?  Има многу магија позади овие клетки и многу работи кои најверојатно не сте ги слушнале.

Градежен материјал на нашето тело

Во суштина, матучните клетки се основните материјали кои се потребни за да растат клетките во нашето тело. Матичните клетки се клетките кои растат, се делат и созреваат во сите други специјализирани клетки во нашето тело (мозок, мускули, срце, нерви, крв итн.). Сите видови на клетки започнале како матични клетки.

Овие моќни клетки се единствените клетки во нашето тело што можат да произведуваат други различни видови на клетки. Без нив, ние како човечки суштества не би биле толку сложени и функционални.

shutterstock_163615568Каде можеме да ги најдеме?

Постојат неколку видови на матични клетки кои добиваат најголемо внимание. Ембрионалните матични клетки, исто така познати како плурипотентни клетки, се наоѓаат во ембрионите во многу рана фаза (стари помалку од една недела). Овие клетки можат да создаваат нови клетки, или пак да се претворат во кој било друг вид на клетки во телото. Ова ги прави многу вредни и важни за истражување.

Возрасните матични клетки во многу помал број се наоѓаат насекаде во ткивата на телото. Порано научниците верувале дека матичните клетки може да се реплицираат само во исти видови на клетки (на пример, ако се наоѓаат во коскената срцевина може да се претворат само во крвни клетки), но подоцна се докажало дека тоа не е точно. Возрасните матични клетки не се толку разновидни како ембрионалните, но и тие можат да се користат за регенерирање и лечење на други видови на клетки.

Најмалку познатиот тип на матични клетки доаѓа директно од амнионската течност кај бремените жени. Тие се наречени перинатални матични клетки.

Слично како и ембрионалните клетки, тие можат да се специјализираат во кој било друг вид на клетки, со што се многу интересни за научниците и истражувачите.

Па, ако знаеме каде тие се наоѓаат и сме свесни за тоа што може да го направат, тогаш во што е проблемот?

Големата контроверза

Постојат многу критики и дебати за употребата на матичните клетки, вклучувајќи ги и тврдењата дека научниците „си играат Господ“, но можеби најглавната забелешка е употребата на ембриони за да се извлечат ембрионалните матични клетки.

shutterstock_129449231Во клиниките за вештачко оплодување, откако сперматозоидите ќе ја оплодат јајце клетката, се формира ембрион во рана фаза. Матичните клетки може да се екстрахираат од тој ембрион откако повеќе нема да биде потребен, како што е случајот со ин витро оплодувањето. Овие ембриони се оплодуваат во клиниките, но никогаш не се ставаат во матката на жената.

Религиозните и политичките групи жестоко протестираат против употребата на овие матични клетки, но веќе се поставени строги правила во врска со практиките на донирање и примена. Критичарите тврдат дека треба да бидат дозволени само возрасните матични клетки, но ембрионалните се поважни за проучување бидејќи се многу поразновидни и подобри за третирањето и лечењето на болестите, со оглед на тоа дека можат да се обновуваат и реплицираат во кој било друг вид и број на специјализирани клетки.

Магијата на матичните клетки

Матичните клетки отворија нов свет за медицинските истражувања и алтернативните третмани. Замислете на пример да страдате од некоја срцева болест. Научниците би можеле да ги земат матичните клетки што ги култивирале, да ги инјектираат во заболеното ткиво на срцето и да им овозможат природно да се реплицираат и да го излечат заболеното ткиво. Ова би било многу поефикасно од кој било друг инвазивен третман.

Трансплантацијата на коскена срцевина (заедничко и помалку контроверзно име за транплантацијата на матични клетки) може да излечи клетки кои се оштетени од хемотерапија, или автоимуни заболувања, леукемија и други видови на сериозни состојби кои се опасни по живот.

Покрај тоа, матичните клетки се користат и за тестирање на нови лекови (наместо тоа да се прави на луѓе). Матичните клетки можат да ги откријат моменталните, како и долгорочните ефекти на лекот, на тој начин правејќи ја фармацевтската индустрија побезбедна.

Следен чекор – Клонирање?

stem-cell-11Едно од најновите и највозбудливите случувања при истражувањето на матичните клетки е наречено терапевтско клонирање. Притоа се отстранува јадрото од неоплоденото јајце и соматските клетки од донатор. Потоа, донираното јадро се поставува во јајце и се дели, при што се формираат бластоцити. Ова создава линија на чисти матични клетки кои се идентични со генетскиот код на оргиналното јадро.

Во суштина, создаден е клон, а тие чисти неоплодени матични клетки имаат многу поголеми шанси да бидат прифатени од телото и се многу поефикасни во лекувањето на нездравите клетки. Но, пред премногу да се возбудите, да напоменеме дека ова терпевтско клонирање досега не било успешно кај луѓето (или барем никој не кажува).

Засега, научниците продолжуваат да ги користат матичните клетки за лекување на телото, но истражувањата продолжуваат, а се чини дека на можностите им нема крај.

Поддржете ја нашата работа: