Мистериозна планета ги предизвикала масовните изумирања на Земјата?

Додека се’ уште се дискутира за тоа дали постои деветта планета на работ на нашиот Сончев систем, една нова хипотеза сугерира дека оваа потенцијална планета е одговорна за масовните изумирања на Земјата, вклучувајќи го и изумирањето на диносаурусите.

Планетата Девет од неодамна е актуелна во медиумите, но истражувачите всушност биле во потрага по уште една планета во нашиот Сончев систем уште пред повеќе од 100 години. Даниел Вајтмир, инструктор по математика на Универзитетот во Арканзас, уште во 1985 година го објавил својот труд во списанието „Nature“ за своја верзија на деветта планета, која ја нарекол Планета Икс (Planet X). Тој сега сугерира дека таа планета можеби е одговорна за катастрофални „дождови од комети“ на Земјата.

Па како би можела една планета која е оддалечена стотици милијарди километри од Земјата да предизвика катастрофа на Земјата?

Според хипотезата на Вајтмир, процесот е прилично едноставен. Планетата Икс орбитира околу Сонцето како и се друго во Сончевиот систем. Но, на секои 27 милиони години поминува низ Кајперовиот појас и дислоцира еден куп комети насочувајќи ги кон Сонцето. Земјата се наоѓа измеѓу оваа престрелка, при што е директно погодена од овие комети што всушшност претставува причина за масовните изумирања.

Вајтмир посочува фосилни остатоци кои покажуваат докази дека дождови од комети се случуваат на Земјата на секои 26-27 милиони години.

p_earth_goddard_fВо 1985 година, научниците се обидувале да разберат зошто се случиле масовните истребувања и имале три водечки хипотези – постоење на деветта планета, постоење на уште едно Сонце-сестра или вертикални осцилации на Сонцето. Во текот на изминатите три декади, последните две хипотези се побиени, додека потрагата по деветта планета добила поголем интензитет.

Иако мора да признаеме дека оваа хипотеза има логика, нагласуваме дека се’ уште не е објавена, па всушност претставува само концепт на кој му е потребно соодветно истражување. И што е најважно – постои дебата за тоа колку е долга хипотетичката орбита на деветтата планета околу Сонцето, што всушност е и суштината на аргументот на Вајтмир.

Хипотетичката Планета Икс на Вајтмир има орбита од 27 милиони години, додека Планетата Девет на астрономот Мајк Браун од Калифорнискиот институт за технологија има орбита од 15 милиони години.

Мајк Браун вели дека Планетата Икс нема никаква врска со Планетата Девет и доказите за постоењето на Планетата Девет не укажуваат ништо за тоа дали постои уште некоја подалечна Планета Икс.

Па, пред да почнеме да обвинуваме некоја деветта планета за катастрофите на Земјата, научниците треба прво да го докажат нејзиното постоење. Со оглед на тоа што се’ повеќе институции започнуваат да ја бараат, да се надеваме дека еден ден ќе имаме сигурни докази за тоа дали постои или не постои огромна деветта планета подготвена да не нападне со комети.

Поддржете ја нашата работа: