Најстарите пештерски цртежи направени од точки се наоѓаат во Франција

Група истражувачи пронашле во Франција 16 плочки од варовник кои настанале пред 38.000 години. Она што е особено интересно е тоа што овие гравури се направени со техниката на поентилизмот. Таквата техника во 19 и 20 век ја користеле познати уметници, како Ван Гог и Камиј Писаро.

Главниот истражувач, антропологот Рендал Вајт смета дека овие плочи докажуваат дека таквата техника се користела и многу порано во Европа, во периодот на ауригнациенската култура на раниот палеолит.

“Ние сме прилично доста запознаени со техниките на овие модерни уметници, но сега со сигурност може да потврдиме дека ваквата форма се практикувала и во првите човечки култури”, вели лидерот на ископувањето Рендал Вајт во соопштението.


Поентилизмот е сликарска техника во која, со помош на точки се создава впечаток на поголема слика, а се користела во 1880 година. Меѓутоа, научниците сега открија дека настанала пред повеќе од 35.000 години.

На пронајдените цртежи се наоѓаат нацртани коњи и мамути, што е доказ дека се случиле за време на почетокот на модерната култура во Европа. Цртежите се прилично едноставни, но според мислењето на научниците, не ни можеле да бидат поинакви, со оглед на тоа дека тогашните луѓе располагале со сиромашен алат. Зошто користеле точки, најверојатно ќе остане тајна, но со сигурност овие слики спаѓаат помеѓу најстарите некогаш пронајдени.

Поддржете ја нашата работа: