Научно докажано: Пивото не прави посреќни

FOUR HANDS MALE AND FEMALE TOAST WITH MUGS OF BEER

Пивото може да ни го направи добриот провод уште подобар, но од неодамна истражувачите од Европскиот колеџ за Невропсихофармакологија истражувале како алкохолот влијае на нашата перцепција, и откриле дека влијае на нашата способност за препознавање на емоциите на другите луѓе, и на нашиот став кон сексуалните материјали.

Според последните истражувања, пиењето на пиво им помага на луѓето да ги забележат насмеаните лица побрзо и ја зголемува нивната желба да бидат со други во забавна друштвена ситуација. Овие ефекти во поголем степен се забележани повеќе кај жените отколку кај мажите, иако овој факт најверојатно се должи на разликата во половите кога станува збор за конзумација на алкохол, како и телесната маса. Покрај тоа, пивото прави да им е полесно на луѓето, особено на жените, да го видат сексуално експлицитниот материјал, иако тоа не води до поголема сексуална возбуденост.

Според истражувачите, овие наоди помогнале да се потврди тоа што најверојатно секој го забележал од сопственото искуство со алкохол: Пиењето ги подмачкува друштвените ситуации и кога се користи во умерени количини, ги прави луѓето посреќни, подруштвени, и помалку сексуално ограничени.

За да се добијат овие резултати, тимот истражувал 60 здрави доброволци, 30 мажи и 30 жени, на возраст од 18 до 50 години. На половината им било дадено алкохолно пиво, а на другата половина безалкохолно. Волонтерите потоа извршувале неколку задачи, меѓу кои и тест за препознавање на лице, тест за емпатија и тест за сексуална возбуда. Потоа пивата биле заменети обратно, и процесот се повторил уште еднаш.

Интересно е тоа што пиењето на алкохол не е поврзано со промените во нивото на окситоцин. Овој хормон е поврзан со среќата и поврзувањето со другите, па недостигот на промена во неговото ниво ни укажува на тоа дека ефектот на поврзување од пивото лежи на друго место.

Поддржете ја нашата работа: