Истражувачите откриле нов механизам кој го контролира начинот на кој коуницираат нервните клетки во мозокот со кој го регулираат учењето и долгорочната меморија.
Овој факт е само уште еден потсетник за тоа колку малку знаеме за функцијата на мозокот и што се случува кај невродегенеративните пореметувања како што се Алцхајмеровата болест и епилепсијата.
„Ова откритие претставува значителен напредок и ќе има далекусежни импликации во рабирањето на меморијата, спознанието, развојот и формирањето на невронските мрежи и стабилизацијата.Веруваме дека ова ќе отвори нови патишта за истражување со кои ќе се зголеми нашето разбирање за молекуларните детали на синаптичките функции, во здрава состојба и при болест “– вели водачот на истражувањето Џереми Хенли од Универзитетот во Бристол, Велика Британија.
Човечкиот мозок содржи околу 100 милијарди нервни клетки и секоја од нив прави околу 10.000 конекции-познати како синапси, со другите клетки.
Тоа се огромен број на врски кои се зајакнуваат или ослабуваат во зависност од различни мозочни механизми што научниците со децении се обидуваат да ги разберат.
Еден од досега најдобро познатите механизми за проток на информации преку синапсите претставува т.н. долгорочна потенцијација (long-term potentiation или LTP).
„LTP“ ги зајакнува врските помеѓу клетки со цел да го направи преносот на информации поефикасен и игра улога во голем број невродегенеративни нарушувања – доколку е премногу силна постои ризик од пореметуваања како епилепсија, а ако е многу слаба множе да предизвика деменција или Алцхајмерова болест.
На истражувачите досега им беше познато дека „LTP“ обично се контролира преку активација на специјални протеини наречени „NMDA“ рецептори, но сега научниците од Велика Британија откриле сосема нов тип на „LTP“ што се регулира на сосема поинаков начин.
Нивните истражувања покажале дека овој нов „LTP“ механизам е конролиран од молекули познати како каинатни рецептори, наместо од „NMDA“ рецепторите.
„Разоткривањето на интеракцијата помеѓу сигналните рецептори во мозокот, не само што ни кажува повеќе за функцијата на здравиот мозок, туку и ни овозможува практичен увид во тоа што се случува кога се формираат нови сеќавања. Доколку би можеле да ги сочуваме овие сигнали тоа би помогнало во заштитата од болестите на мозокот “– вели Милош Петровиќ, еден од истражувачите од Универзитетот во Централен Ланкашир.
Со ова се отвора пат за нови истражувања кои ќе доведат до подобро разбирање за тоа како функционира нашиот мозок. Покрај тоа, ако истражувачите успеат да најдат начин да ги таргетираат овие нови патишта, тоа може да дведе до поефикасни третмани за голем број невродегенеративни заболувања.
Иако е сѐ уште рано и откритието ќе треба да биде верифицирано од независни истражувачи, сепак се работи за ветувачко ново поле за истражување.
„Ова е секако исклучително возбудливо откритие и нешто што може да има потенцијално влијание на глобалната популација“– вели Петровиќ.