Нов хидрогел за пренесување на лекови во телото

Најважната карактеристика на овој гел е својството за самолекување што значи дека може да се инјектира преку шприц.

Слични хидрогелови се користат веќе извесно време, но тие се направени со формирање на неповратни хемиски врски помеѓу полимерите. Тоа значи дека обликот на формираниот хидрогел не може лесно да се измени и затоа е потребна хирургија за да се имплантира таков гел. Покрај тоа, за поранешните методи на формирање на таков хидрогел биле потребни сложени биохемиски процеси.

Овој нов гел е многу пофлексибилен, со оглед на тоа што хемиските врски помеѓу полимерите се релативно слаби и може да се прекинат со менување на формата на гелот. На пр. тоа може да се случи кога гелот ќе се инјектира преку шприц, а потоа ќе се врати во својата првична форма и повторно ќе создаде врски помеѓу полимерите (самолекување).

Се состои од две компоненти: наночестички направени од полимери испреплетени со нишки од други полимери, како на пр. целулоза. Тоа значи дека гелот може да носи два лека истовремено. На пр. јадрото на наночестичката е идеално за хидрофобни лекови со мали молекули (на пр. лековите кои се користат при хемотерапија), додека полимерите за хидрофилни молекули (на пр. протеини, антитела и фактори за раст).

Експериментите со глувци веќе потврдиле дека функционира и својството за самолекување и пренесувањето на два лека, како што предвиделе научниците.

Оваа технологија има многубројни предности. На пример, кога другите лекови ќе се инјектираат веднаш се шират низ телото, додека овој гел останува на местото каде што ќе се инјектира, со што влијае врз одредена цел. Различни лекови може да се осободуваат во различно време, со што се обезбедува можност за прецизно планирање на третманот. Може да се користи на пр. кај пациентите со рак. Откако туморот ќе се отстрани останува празнина, па гелот може да се прилагоди токму таму и да ослободува лекови кои за ткивата наоколу. Може да се користи и за третман на болести на срцето, дегенерација на макулата и др.

Оваа технологија отвора нови можности за полесно и побезбедно третирање на многу болести, иако ќе биде потребно извесно време додека целосно да се одобри.

Поддржете ја нашата работа: