Нов компјутерски чип го имитира човечкиот мозок

Новиот неуросинаптички  чип наречен „TrueNort“, содржи 5,4 милијарди меѓусебно поврзани транзистори кои ги имитираат неуроните и синапсите во човечкиот мозок. Величината му е колку поштенска марка. Содржи 1 милион неурони и 256 милиони синапси кои можат да се програмираат .

Иако човечкиот мозок содржи 100 милијарди неурони и до 150 трилиони синапси, во „IBM“ велат дека ќе биде возможно новиот чип да се програмира да ја разбира двозначноста на проблемите и да ги решава во реално време, притоа запазувајќи го контекстот.

Исто така, чипот е и многу штедлив. Троши само 70 миливати енергија.

Иакое се уште во експериментална фаза, во „IBM“ велат дака можно е чипот да се најде на пазарот за две до три години.

Чипот „TrueNorth“ би можел да најде примена кај роботите за истражување и спасување, кај софистицираните инвалидски колички или за изработка на транскрипции од дискусии во кои учествуваат повеќе луѓе.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt