Според извештајот што беше објавен во „The Guardian“, се чини дeка на повидок е нова терапија за рак што му помага на имуниот систем да го препознае и да го уништи ракот. Иако досега овој третман бил применет само кај неколку десетици пациенти заболени од разни типови на рак на крвта, резултатите се прогласени за „изворедни“, со ефикасност кој вообичаено се смета за „без преседан во медицината“. И покрај тоа што резултатите од истражувањето сѐ уште се во процес на преиспитување и не се објавени, „The Guardian“ објави дека некои од резултатите веќе се споделени со јавноста.
На пример, во една студија, кај 94% од пациентите со акутна лимфобластична леукемија со овој третман се повлекле сите симптоми. Кај другите типови на рак, кај 80% од пациентите биле добиени одлични резултати од кои кај половина е забележена целосна ремисија на болеста.
Засега , оваа терапија е најефикасна кај ракот на крвта и коскената срж, но крајната цел е терапијата да се усоврши за да биде ефикасна кај сите пациенти, независно од кој тип на рак боледуваат.
Телото има природна способност да се одбрани од болести и инфекции, но клетките на ракот успеваат да го избегнат одбранбениот систем на организмот, со тоа што или го спречуваат имуниот систем да ги препознае или успеваат сосема го потиснат. Ова им овозможува на канцерските клетки да метастазираат, односно да се шират во телото и со време да се претворат живото загрозувачки тумори. Новата терапија го онеспособува овој ефект и му помага на имуниот систем да ги препознае канцерските клетки како опасност и да ги уништи.
Кај оваа терепија најпрво се земаат Т-клетките од крвта на пациентот заболен од рак. Овие имуни клетки се одговорни за препознавање на патогените клетки и за поттикнување на побрз имунолошки одговор на телото. Потоа, докторите ги обележуваат овие клетки со “рецепторни“ молекули земени од генетски модифицирани глувци, наречени химерични антигени рецептори, кои можат да се закачат и за Т-клетките и за канцерските клетки. Кога овие обележени Т-клетки биле повторно внесени во телото на пациентот тие успеале да го спречат ракот да го избегнува имуниот систем со тоа што им помогнале на Т-клетките да ги препознаат и да ги уништат канцерските клетки.
Т-клетките се особено корисни за третман бидејќи долго опстојуваат. Тие можат да живеат во телото на пациентот многу години после првичната трансфузија, со што можат да овозможат долготрајна заштита. Сепак, постојат и одредени ризици поврзани со терапијата со Т-клетки. Тие веќе претходно се поврзани со појавата на синдромот на ослободување на цитокаини, состојба што може да доведе до хипотензија, невротоксичност или смрт како последица на премногу Т-клетки во телото. Научниците велат дека со редуцирање на бројот на Т-клетките што докторите повторно ќе ги внесат во телото на пациентот може да помогне да се спречат овие појави.