Научниците од Националната лабораторија „Oak Ridge“ откриле нова состојба на водата за која не важат вообичаените правила за течностите, гасовите и цврстите тела.
Тие успеале да ги истиснат молекулите на водата низ каналчиња од минералот берил со дијаметар од само 5 ангстреми (десетмилијардити дел од метар). Научниците велат дека вакви слични состојби се можни исто така и во природата, на пример во почвата, минералите или во клеточниот ѕид.
При ова, внатрешноста на молекулата – двата водорородни и едниот кислороден атом почнале да се однесуваат на многу чуден начин.
Наместо да останат фиксни, водородните атоми почнале да се појавуваат во шест различни симетрични ориентации во исто време, со кислородниот атом во средината. Шесте различни позиции се совпаѓаат со шесте различни ѕидови од хексагоналниот канал, велат научниците. Водородните атоми поминуваат низ сите можни состојби, а како резултат на тоа доаѓа до покачување на температурата.
Покрај тоа, во центарот на молекулот се поставува кислородниот атом, наместо најодалечените водородни атоми (што е случај кај типичната молекула). Ваквата нова симетрична поставеност значи дека молекулата го губи својот диполов електричен момент, што значи дека позитивниот и негативниот набој во атомите не се повеќе неурамнотежени и теоретски не би се врзувале со други атоми или молекули.
Ова претставува големо откритие, иако научниците сѐ уште не се сигурни што ова точно значи.
„Ова е еден од тие феномени што се јавуваат само во квантната механика и немаат паралела во нашето секојдневно искуство“- вели водачот на истражувањето Александар Колесников.
Следниот чекор на научниците е да откријат зошто се појавува овој феномен, но во крајна линија треба да овозможи подобро разбирање на термодинамиката и однесувањето на водата кога се наоѓа во многу цврсто затворени средини.
Трудот е објавен во „Physical Review Letters“.