Откриен огромен круг од дрва на само неколку километри од Стоунхенџ

Минатата година насловните страници на медиумите беа преплавени со откритието на џиновска кружна структура околу 5 пати поголема од Стоунхенџ, на само 3,2 километри североисточно од овој познат локалитет – што научниците ја нарекоа Супер Стоунхенџ.

Во тоа време, истражувачите открија нешто што сметаа дека се 90 камени монолити закопани под неолитска населба наречена „Durrington Walls“, но понатамошните истражувања покажаа дека огромниот „Суперхенџ“ е всушност направен од дрво. Од некоја причина, истиот бил набрзина затрупан.

Научниците се’ уште ги пополнуваат празнините, но сметаат дека тоа наоѓалиште може да претставува доказ за бурна религиозна и политичка клима во тоа време од изградбата – пред околу 4.500 години.

Суперхенџ за прв пат бил откриен со геофизичко набљудување наместо вистинско ископување, при што се покажале огромни монолити закопани во кружна структура околу 500 метри во дијаметар. На сликата подолу е претставено како тоа би можело да изгледа.

superhenge

Но, сега, откако се направени вистински ископувања на овој локалитет, не се пронајдени никакви докази за камени плочи, туку се пронајдени околу 120 огромни јами во кои најверојатно биле сместени дрва. Досега се ископани само две коишто содржат докази за дрва кои биле вертикално подигнати и отстранети во некоја фаза од изградбата.

Она што е особено чудно за овој локалитет е тоа што кругот никогаш не бил завршен, бидејќи се чини дека кратко време пред да се заврши некој ги искорнал дрвените столбови и набрзина ги закопал дупките. Кружната структура што денес може да се види се чини дека била изградена за да се закопа таа под неа, што сугерира на нов режим што буквално сакал да го закопа минатото.   

_90756935_laserscanningwithapostholeinforeground

Археолозите исто така пронашле и една алатка – лопата која била закопана на дното на дупката пред таа да биде затрупана.

Потребни се дополнителни истражувања, како и ископување на многу поголем број вакви јами за истражувачите да можат да ја достават својата хипотеза за тоа што сметаат дека навистина се случило. Можно е овој локалитет да го отсликува преминот на Велика Британија од Неолитскиот период во Бронзеното време.

Поддржете ја нашата работа: