Оваа исклучително ретка желка, снимена е со камера од страна на биологот Дејвид Грубер од Универзитетот во Њујорк, и може да се забележи дека под сина светлина, свети во неонско црвена и зелена боја.
Засега, научниците не се сигурни што ја предизвикува оваа биофлуоресценција. Желката (Eretmochelys imbricata), спаѓа во најзагрозените и заштитени видови, затоа е многу тешко да се проучува.
Претходно, биофлуоресценцијата е забележана само кај риби и корали и вистински се истражува само во последната деценија, па и затоа малку се знае за неа. Оваа појава е различна од биолуминисценцијата, што претставува способност животните сами да испуштаат светлина по пат на хемиски процес или преку бактериите кои ги населуваат. Биолумнисценцијата обично животните ја користат за да привлечат плен, за одбрана или како вид на комуникација. Минатата година беше откриено дека ајкулите, ражите и некои риби, често ја користаат оваа способност за парење.
Грубер вели дека црвената светлина на желката може да е предизвикана од алги, кои може да светат на оклопот како некој вид на камуфлажа. Но, тој верува дека зелената боја дефинитивно доаѓа од самата желка.
Следниот чекор е да се открие дали и желките од други живеалишта ја поседуваат оваа способност и како тие светат, од хемиска гледна точка. Возможно е овие желки да јадат некоја биофлуоресцентна состојка за да го постигнат овој ефект, или можеби дури и самите да ја создаваат.
За жал, вели Грубер, тешко дека ќе можат да се проучуваат овие желки, бидејќи ги има малку и се заштитени. Наместо тоа, тој предлага оваа појава да се проучува кај зелената морска желка, која е многу слична, а ја има и во поголем број.