Откриена огромна камена топка во Босна и Херцеговина

Во шумата на селото Подубравје во близина на Завидовиќи, Босна и Херцеговина, минатиот месец беше откриена огромна камена топка.

Босанскиот археолог Семир Османагиќ, кој го проучува феноменот на праисториски камени топки веќе 15 години, има неколку интересни одговори околу тоа што претставуваат овие топки.

Тој вели дека оваа камена топка е најмасивната во Европа.

„Всушност нешто помалку од половина од топката е откриена, но според првичните проценки топката е со радиус помеѓу 1,2 и 1,5 метри. Сѐ уште не е извршена анализа на материјалот, но кафеавата и црвената  боја на топката укажуваат дека содржи големо количество на железо. Тоа би значело дека густината е многу висока, блиску до железото која изнесува 7,8 kg /м3. Ако се земе вредност од само 5 kg /м3 би можеле да се добијат првичните вредности за масата на топката, а таа би изнесувала над 30 тони“.

stone-ball-1

Зошто ова откритие е значајно?

„Како прво тоа би бил уште еден доказ дека Јужна Европа, Балканот, а особено Босна биле дом на напредни цивилизации во далечното минато, а ние немаме пишани записи за нив.

Второ, тие поседувале висока технологија, различна од нашата. И конечно, тие ја познавале моќта на геометриските форми, бидејќи топката е една од најмоќните форми, заедно со пирамидалните и коничните форми. Не е чудно што и пирамиди и тумулуси исто така можат да се најдат во Босна“  

Османагиќ ги истражувал гранитните топки на југот на Костарика, вуканските камени топки во Мексико и на Велигденските острови, а потоа своето внимание го насочил на Босна.

Ако се покаже дека овој огромен камен во Босна е дело на човечки раце, тоа ќе биде најголемата вештачки направена камена топка што некогаш е откриена – двапати потешка од оние во Костарика, нагласува „MailOnline“.

Но, дали други експерти сметат дека оваа формација е доказ постоење на античка цивилизацја која постоела тука?

„Voice of America“ известува дека некои научници сметаат дека ова претставува природен феномен, а не човечка креација.

Според Менди Едвард, предавач на Универзитетот во Манчестер на Школата за Земјата, атмосферски и еколошки науки, овој сферичен камен може да е пример за конкреција, кога компактна карпа се формира преку таложење на природен цемент во просторот помеѓу седиментните зрна. Како резултат на ова обично се добиваат сферични форми, како што е случај со познатите Коуту карпи во Нов Зеланд – пишува „MailOnline“.

Извор: „TopScience“.

Поддржете ја нашата работа: