Пет големи држави со лош здравствен систем

Во 2000 –та година, Светската здравствена организација (СЗО), спроведе исцрпувачка мисија со цел да направи рангирање на системите за здравствена заштита во 191 земји, при што на дното се најде Сиера Леоне, додека САД беа рангирани на 37-мо место. Оттогаш СЗО одбива да ја ажурира оваа листа. Наместо неа, Комонвелт фондот спроведе своја евалуација на здравствените системи на најбогатите држави, рангирајќи ги според пет критериуми: квалитетот на заштитата, пристапот до здравствената заштита, ефикасноста, еднаквата застапеност и бројот на луѓе кои живеат здрав живот. Последниот извештај беше објавен во 2014 година и беа рангирани вкупно 11 земји.

Ова се петте најслабо рангирани земји и нивните најголеми недостатоци во здравствената заштита

Нов Зеланд

Иако најблискиот сосед на Нов Зеланд, Австралија, беше рангирана како четврта најдобра земја, Нов Зеланд се најде на дното на оваа листа според критериумот за еднаква застапеност со кој се мери колку често посиромашните граѓани избегнуваат да посетат доктор кога се болни и не ги добиваат потребните тестови и скрининзи, во споредба со нивните богати сограѓани. И според критериумот за бројот на жители кои живеат здрав живот, што се мери преку стапката на смртност кај  доечињата, како и очекуваниот здрав животен век од 60 години, земјата била рангирана на 9-тото место.

Од друга страна пак, земјата била рангирана на второ место според критериумот за ефикасна и координирана здравствена заштита.

Според Сведската банка, земјата потрошила 11 проценти од својот БДП за здравствена заштита во 2104 година.

Норвешка

Веднаш до Нов Зеланд кој е на 7-то место, Норвешка се покажала особено лоша во грижата за своите болни граѓани. Рангирана е последна според критериумите за обезбедување на сигурна, ефикасна заштита на пациентите.

Што се однесува до позитивните страни, Норвешка е трета во обезбедување пристап за пациентите до примарна и специјалистичка здравствена заштита, бидејќи им овозможува да немаат големи проблеми заради цената, но сепак осма кога се работи за тоа здравствената заштита да биде обезбедена навремено, со што севкупно е рангирана на 6-то место.

Земјата потрошила 9,7 проценти од својот БДП  за здравствена заштита во 2014 година.

Франција

Иако беше рангирана на 1-во место од страна на Светската здравствена организација во 2 000-та година, овојпат Франција севкупно е рангирана на 9-тото место.

Ова веројатно се должи на најниските оцени добиени за пристапноста до здраствена заштита и дури 8-мо рангирана во пружање квалитетна  или ефикасна здравствена заштита. Меѓутоа била 2-ро рагирана во обезбедување сигурна здравствена заштита, а на врвот на листата по бројот на жители кои живеат здрав живот.

Франција потрошила 11,5  проценти од БДП за здравствена заштита во 2014.

Канада

И покрај репутацијата дека земјата е социјален рај, со бесплатна здравствена заштита, Канада е рангирана само едно скалило над најлошите. Рангирана е скоро најниско во речиси сите категории, а особено лошо во категоријата за безбедна, навремена или ефикасна здравствена заштита. Највисоко рангирана, како 5-та, е во тоа што пациентите можат да платат за здравствените услуги.

Канада потрошила 10,4 проценти од својот ГДП за здравствена заштита.

healthcare-hospitals

САД

Иако ова е е изненадување, Соединетите Држави постојано се рангирани многу ниско помеѓу најбогатите нации во светот, кога се работи за здравствената заштита. САД биле рангирани последни и во претходните извештаи од Комонвелт Фондот од 2004, 2006, 2007 и 2010 година.

Во последниот извештај, САД се рангирани најниско според критериумите за ефикасност, еднаков пристап до здравствената заштита и здрав начин на живот и покрај тоа што земјата троши најмногу од сите за здравствена заштита.

Земјата потрошила неверојатни 17,1 проценти од  својот ГДП за здравствена заштита во 2014 година.

Авторите шпекулираат дека лошата ефикасност се должи на постојаната незаинтересираност на земјата да обезбеди универзално здравствено осигување – што е уникатно помеѓу сличните високо развиени земји. Спроведување на Законот за достапна здравствена заштита во 2014 година доведе до намалување на јазот во осигурувањето и има знаци на видливо подобрување во здравствената заштита, кај претходно запоставуваните Американци.

Бидејќи извештајот од 2014 година ги зема во обѕир податоците пред  „ACA“ (Affordable care action  или Obamacare), засега степенот на подобрување е дискутабилен.

Поддржете ја нашата работа: