Пиењето кафе има повеќе добри отколку лоши дејства

Умереното конзумирање на кафе (3-4 шолји на ден) покажува дека во суштина тоа и не е толку штетно по здравјето, напротив тоа може да биде и корисно.

Секојдневно, милиони луѓе конзумираат кафе, така што тоа стана дневна рутина во  „модерниот“ живот на луѓето од денешницата. Додека во досегашните студии се зборуваше за штетните последици од кафето по човековото здравје, една нова студија објавена во Comprehensive Reviews in Food Science and Food Safety“ од страна на Институтот на технолози за храна, го тврди спротивното. Оваа студија покажува дека потенцијалната придобивка од умереното конзумирање на кафе го надминува потенцијалниот ризик од заболувања.

Истражувачите од Универзитетот во Алстер детално разгледале 1.277 студии од 1970 година за да го откријат влијанието на кафето врз човековото здравје, така што тие дојдоа до заклучок дека умереното пиење на кафе (3-4 шолји дневно) има неутрален ефект и до некаде е корисно за човековото здравје.

Прегледот бил искористен за да се направи листа на болести на кои конзумирањето кафе не може дополнително да им наштети, а такви болести се:

  • Кардиоваскуларни болести
  • Рак
  • Метаболитички болести
  • Невролошки пореметувања
  • Гастроинтестинални состојби

Авторите не можат да ги потврдат придобивките и ризиците во досегашните истражувања, бидејќи тие не се поткрепени со цврсти докази затоа што сите овие податоци се добиени само од набљудување. Во понатамошните истражувања ќе биде направен баланс помеѓу придобивките и последиците од кафето за да се идентификува која од многуте состојки во кафето, или комбинација од повеќе состојки се предизвикувачи на овие потенцијални бенефити.

Поддржете ја нашата работа: