Побрз интернет на поголемо растојание

Научниците од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, ја зголемиле максималната енергија, а со тоа и далечината на која оптичките сигнали може да се испратат преку оптичките влакна. Овој напредок има потенцијал да ја зголеми стапката на пренос на податоци за каблите од оптички влакна кои се основен столб на интернетот, кабловските, безжичните и фиксните мрежи. 

Ова ново истражување ни го претставува решението за долготрајната пречка за зголемување на стапката на пренос на податоци во оптичките влакна: преку прагот на нивото на енергија, дополнителната енергија непоправливо се зголемува,  нарушувајќи ги информациите кои патуваат во кабелот на оптичките влакна.

„Оптичките системи денеска малку наликуваат на живиот песок. Кај живиот песок, колку повеќе се борите, толку побрзо тонете. Кај оптичките влакна, по некое одредено време, колку повеќе енергија додавате  на сигналот, толку поголемо нарушување добивате, попречувајќи го долгиот пренос.  Нашиот пристап го отстранува ова ограничување на енергија, којашто се протега до таму каде далечните сигнали може да патуваат во оптичкото влако без потреба на репетитор“- изјави Никола Алик, научник од Институтот Квалком и кореспондентниот автор на студијата.

Научниците од универзитетот, со лабараториски експерименти, успеале да ги дешифрираат информациите откако патувале рекордни 12 000 километри во каблите од оптички влакна со стандардни засилувачи и без репетитори.


Новите откритија ефикасно ја елиминираат потребата за електронски регенератори кои се поставуваат  периодично по должината на врската меѓу влакната. Овие регенератори се суперкомпјутери кои мора да се постават на секој канал во преносот. Електронската регенерација во модерните преноси на  светлосни бранови, којашто носи од 80 до 200 канали, исто така ја диктира цената и, уште поважно, ја спречува конструкцијата на транспарентна оптичка мрежа. Како резултат на тоа, елиминирањето на периодичната електронска регенерација драстично ќе ја промени економијата на мрежната инфраструктура, водејќи кон поефтино и поефикасно пренесување на информации.

Истражувањето е објавено во весникот  „Science“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt