3000 луѓе живеат во град под земја

Гардот Кубер Педи (Coober Pedy) се наоѓа во австралиската сојузна држава Јужна Австралија и познат е како најсушното место – всушност, најсушното место лоцирано на најсушниот континент.

Градот е основан во 1915 година, откако во овој регион се откриени богати наоѓалишта на опал. Рударите почнале да се населуваат во областа, но се соочиле со пустинската клима и високите температури.

За да се засолнат од жешкото сонце, тие почнале своите домови да ги ископуваат во блиските ридови и со време бил создаден мал подземен град. Жителите на Кубер Педи и ден денес ги градат своите домови под земја. За време на летето, температурите се искачуваат над 40 степени Целзиусови, со што условите за живот стануваат многу тешки.

2

Ако решите да живеете над земја, клима уредот е неопходен, но состојбата е сосема различна под земја. Температурата тука секогаш изнесува пријатни 24 степени, додека влажноста никогаш не преминува 20 проценти. Зимите можат да бидат ладни, но овие луѓе се подготвени за компромис.

3

Иако градот постои веќе подолго време, популарност стекнал дури во 1980-тите. Умберто Коро, еден од локалните жители, сфатил дека градот има потенцијал, па во 1981 година го изградил првиот хотел. Луѓето почнале да го запознаваат градот, па гласот за овој необичен град брзо се проширил. Луѓето од другите делови од Австралија почнале да го посетуваат, а сега градот често има посетители од сите делови од светот, кои можат да изберат да престојаваат или во хотелот „Desert Cave“ и локалните мотели, или во некоја од приватните подземни куќи.

Туристите најмногу ги привлекува можноста да спијат во ладни, пространи и темни подземни соби, што никогаш не е разочарувачки. Внатрешноста на просториите е дизајнирана да ја рефлектира црвенкастата боја на  карпите, содржат простор за складирање, спални соби, големи плакари и кујни кои се прекрасни. Целата атракција ја надополнуваат и подземните цркви.

4

6

7

Ако  го посетите ова место, ќе видите огромно површина земја, од која „од никаде“ излегуваат оџаци и отвори. Нема да видите гробишта, затоа што и тие се наоѓаат под земја.

coober-pedy-mines

Се вели дека името на градот потекнува од една фраза на Абориџините – „kupa piti“, што значи дупка на белиот човек во земјата. Популацијата на градот изнесува околу 3.000 жители.

https://www.youtube.com/watch?v=dB5Ef2RlTLo

Поддржете ја нашата работа: