Всушност, овој вид на читање на умот стана реалност. Во трудот објавен во „Nature“, истражувачите од „Cold Spring Harbor Laboratory“ (CSHL) опишуваат како од посмртни парчиња од мозокот може да се „прочита” и утврди како стаорците биле обучени да се однесуваат на специфични звуци. Истражувањето претставува еден од првите примери за тоа како одредени промени во активноста на поединечни неврони се кодираат, особено акти на учењето и меморијата во мозокот.
Длабока мозочна стимулација
Невронаучниците претходно ги идентификувале мозочните области кои се вклучени во учење. Но, целта била да се отиде подалеку и да се идентификува како промените во одредени врски влијаат на специфичен одговор, односно однесување.
Тимот се фокусирал на тоа како стаорците реагираат на одреден звук. Стаорците се обучени да поврзат специфичен звук со награда. Промените во звукот – како разликата помеѓу туба и флејта, им сигнализираат на животните да ја побараат наградата на левата или десната страна од тренинг кутијата.
Во претходните истражувања, тимот открил дека активноста на одредена група на неврони е од суштинско значење за животните да ја извршат задачата. Оваа невронска групација пренесува информации од еден аудитивен регион од мозокот (аудитивниот кортекс) на друг (аудитивен стриатум).
Сега, тимот ја мери јачината на врските помеѓу овие две групи на неврони, активни за време на учење на задачата. Откриено е дека активноста во аудитивниот стриатум варира во зависност на која страна погледнало животното.
Врз основа на оваа информација, тимот оцени дека тие би можеле да бидат во можност да користат посмртни мозочни парчиња за да „се предвиди” (очигледно, во ретроспектива) како овие или други стаорци биле обучени. „Бевме изненадени дека во сите случаи, нашите предвидувања – лево или десно – се точни. Имавме дешифрирано мал дел од нервните кодови на меморијата на животните. Во суштина, ние можевме да ги прочитаме главите на овие стаорци“, вели професорот Задор, водач на истражувањето.
Со децении научниците се обидуваат да ги мапираат сеќавањата во мозокот. Овој наод покажува дека научниците можат точно да ги лоцираат синапсите каде се изразени некои спомени.
Според Задор, резултатите најверојатно ќе бидат широко применливи и во другите сетила и делови на мозокот. Планирано е користење на овој метод на повеќе комплексни форми на учење, како и на други сетилни системи, како на пример, видот.