Повеќе од 95% од луѓето имаат здравствени проблеми

Покрај тоа, истражувањето покажало дека процентот на изгубени години на здрав живот (години на прилагодување на инвалидитет), како резултат на болест, се зголемил од околу една петина (21%) во 1990 година, на речиси една третина (31%) во 2013 година.

Со порастот на населението во светот и зголемениот број на стари лица, бројот на луѓе со нарушено здравје рапидно ќе се зголеми во следната деценија, предупредуваат авторите.

Овие наоди се добиени од досега најголемата и најдеталната анализа со која се мери  нивото, моделите и трендовите на нарушување на здравјето и инвалидитет во светот, за периодот помеѓу 1990 и 2013 година.

Во последните 23 години, причините за нарушено здравје, речиси и не се смениле. Болки во долниот дел од грбот, депресија, анемија заради недостаток на железо, болки во вратот, губиток на слухот како последица на стареењето – ова се главните причини за нарушено здравје насекаде во светот и во 1990 и во 2013 година.

Речиси половина од причините за нарушено здравје ширум светот во 2013 година отпаѓаат на мускулно скелетните пореметувања (главно болки во долниот дел од грбот, болки во вратот и артритис), менталните пореметувања, како и пореметувања заради злоупотреба на супстанции (најмногу депресија, анксиозност и злоупотребата на дроги и алкохол). Што е уште поважно, стапката на инвалидитет се намалува многу побавно од стапката на смртност. На пример, додека стапката на пораст на дијабетесот значително се покачила – околу 43% за периодот од 23 години, стапката на смртност од дијабетес се зголемила за само 9%.

Во оваа анализа од 2013 година, за преваленцијата на болестите и повредите, соработниците анализирале 35 620 извори на информации за болести и повреди од 188 земји, помеѓу 1990 и 2013 година, за да одредат колку се значителни и колкаво е  оптеретувањето на здравствениот систем од 301 акутни и хронични  болести и повреди, како и 2337  последици по здравјето, што се резултат на едно или повеќе од овие пореметувања.

Главните наоди се следните:

Во 2013 година, болките во долниот дел од грбот и депресијата се меѓу првите десет  најголеми причини за инвалидитет (онеспособеност) во сите земји и се причина за нарушување на здравјето повеќе од дијабетесот, хроничната опструктивна белодробна болест и астмата, заедно.

Од 1990 до 2013 година, ширум светот, бројот на лица со повеќе од една болест рапидно се зголемил и како последица на стареењето, но и како апсолутна бројка. Во 2013 година, околу една третина деца (36%) од 0 до 4 годишна возраст, од земјите во развој, немале заболувања, во споредба со само 0,03% од лицата над 80-годишна возраст. Бројот на лицата со над десет заболувања се зголемил за 52% во периодот од 1990 до 2013 година.

Од осум хронични заболувања – главно незаразни, биле зафатени 10% од светската популација во 2013 година: кариес на трајните заби (2 – 4 милијарди луѓе), тензиски тип на главоболки (1 – 6 милијарди  луѓе), анемија од недостаток на железо (1 – 2 милијарди луѓе), знаци на недостиг на глукоза 6-фосфат дехидрогеназа (1 – 18 милијарди луѓе), губиток на слухот како последица на стареење (1 – 23 милијарди луѓе), генитален херпес (1 – 12 милијарди луѓе), мигрена (850 милиони луѓе) и аскариаза (цревни црви -800 милиони луѓе).

Бројот на години поминати во живот со инвалидитет, во текот на тие 23 години се зголемил, што се должи на порастот на населението и стареењето (од 537 – 6 милиони на 764 – 8 милиони луѓе).

Главни причинители за зголемениот број години поминати со инвалидитет се: мускулно-скелетните болести, менталните болести и  болестите поврзани со злоупотреба на супстанции, невролошките пореметувања и хроничните респираторни состојби. ХИВ/СИДА е главната причина за зголемениот број години на живот поминати со инвалидитет во суб-сахарска Африка.

Исто така, се покажало и вознемирувачки пораст на нарушувања како последица на дијабетес (пораст од 136%), од Алцхајмер (пораст од 92%), преголема употреба на лекови за главоболка (пораст од 120%) и остеоартритис (пораст од 75%).

Според професорот Тео Вос – водачот на ова истражување, не им се посветува доволно внимание на најголемите причинители за нарушување на здравјето, кои можат да се превенираат, како што се мускулно скелетните заболувања и менталните пореметувања. За да се решат овие проблеми, потребано е да се направи промена во здравствените приоритети насекаде во светот; не треба само да се одржуваат пациентите живи до длабока старост, туку треба да бидат и здрави – нагласува тој,

Истражувањето е финансирано од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Поддржете ја нашата работа: