Пронајдени фосили на лилјак кој можел да оди

Фосилите биле откриени во близина на Отаго на Јужниот Остров, Нов Зеланд, во седименти од огромното праисториско езеро Мануерикира (Manuherikia) кое било дел од потоплите суптропски дождовни шуми на почетокот на периодот Миоцен пред 16-19 милиони години, а денес претставува вистински извор на богатство за палеонтолозите.

Новиод вид на лилјак – „Mystacina miocenalis“, е опишан во списанието „PLOS ONE“ и се поврзува со еден друг вид на лилајк – „Mystacina tuberculata“ кој се’ уште живее во шумите во Нов Зеланд.

Единствените копнени цицачи карактеристични за подрачјето на Нов Зеланд се три видови на лилјаци, од кои два припаѓаат на родот „Mystacina“, од кои едниот последен пат бил забележан во 1960-тите години. Познати се по тоа што ријат по земјата, под листовите и снегот со своите екстремитети, додека крилјата им се собрани. Се верува дека овие лилјаци имаат античка историја во Нов Зеланд, но најстарите фосили досега датирале од пред 17 илјади години.

„Ова истражување покажува дека лилјаците од родот „Mystacina“ живеат во Нов Зеланд повеќе од 16 милиони години“, вели Сузан Хенд, главниот автор на студијата.

Новиот вид лилјак има слични заби со своите современи роднини, што укажува на слична исхрана која вклучува нектар, полен и овошје, како и инсекти и пајаци. Исто така, коските на екстремитетите покажуваат слични структури специјализирани за одење. Она по што се разликува од просечниот лилјак е неговата големина – тој е три пати поголем (тежи околу 40 грама), што укажува на тоа дека не ловел инсекти во лет, туку повеќе се хранел одејќи по земјата.

Поддржете ја нашата работа: