Реклами на патот

Идејата поттекнува од  „RoadAds“, австралиска компанија за реклами на патот , која лобира совети за цела Австралија да добие лиценца за продавање на површини од патиштата.

Компаниите  конкурираат за промотивен  простор на прометните патишта со цени од  4.000$ (околу 3200 евра) за реклама.

Рекламите нема да бидат насликани во близина на семафорите или „одлучните зони” како што се раскрсница или пешачки премин. Ќе се рекламира само логото на брендот и без детални информации како што се веб-адреси или телефонски броеви.

Досега оваа идеја е испробана само еднаш во Јужен Велс.  Проектот беше успешен и се собраа пари за нова пешачка патека.

Мислењата во моментов се поделени. Од една страна, одговорните од „RoadAds“ тврдат дека овој начин на рекламирање е целосно безбеден и би се заработувале илјадници долари месечно. Од друга страна пак, генералниот менаџер за безбедност на патиштата се противи на идејата и вели :

„Збунувачки  влијае на возачите, бидејќи знаците не се во согласност со австралиските стандарди и го отргнуваат вниманието од важни безбедносни ознаки. Создава диференцијалнo лизгање и отпор на површината на патот и го пренасочува вниманието на возачите. Наместо да внимаваат што се случува околу нив, тие гледаат зошто постои промена на површината на патот“.

Уште една причина против е теоријата за ненамерно слепило. Истражувачите на визуелната перцепција тврдат дека луѓето имаат лимитиран капацитет на внимание. Дури и да имаме неколку нешта во видното поле, сепак не ги гледаме сите. Едноставно треба време да се процесираат информациите. Тие сметаат дека рекламите на патот не се добра идеја : нешто што привлекува внимание, без разлика дали доброволно или рефлексно, може да предизвика грешки.

Под претпоставка дека рекламите ќе бидат неинтересни или премногу познати, постои шанса дека тие ќе имаат минимално влијание врз перцепцијата на возачот, особено ако често минуваат на местото.

Но возачите кои  претходно не се соочиле со логото може да се дефокусираат од абнормалноста на патот. Рекламите кои се наменети да „паднат” во око или да предизвикаат емоција би можеле да ја компромитираат способноста за возење дури и на најискусните возачи.

Пред да се донесат какви било одлуки, важно е да се познаваат механизмите на перцепцијата. Потенцијалот за дополнителни приходи во заедницата е привлечен, но не по секоја цена.

Од владата се децидни. Не би одобриле ништо што ја загрозува безбедноста на патот.


Поддржете ја нашата работа: