Руските научници усовршија ласерски ракетен погон

Сон на секој научик, како и на писателите на научна фантастика е летало кое ќе се движи со помош на насочен сноп од светлина , наместо конвенционално гориво. Сега, со новиот метод за подобрена потисна сила на таквите ласерските погони, направен е чекор напред во нивната практична примена.

Овој метод, развиен од  руските физичари Јуриј Резунков и Александар Шмит е опишан во списанието „Applied Optics“.

Во моментов, брзината на вселенските летала е ограничена од количеството на цврсто или течно гориво што можат да го понесат. За да се постигне поголема брзина потребно е да се согори повеќе гориво, кое леталото мора да го носи во вселената како товар. Сепак, овој незгоден товар може да се намали, ако се употреби ласер, кој се наоѓа на оддалечена локација, а не на самото летало, за да се обезбеди дополнителна погонска сила.

Досега беа предложени бројни системи што можат да произведат ваков ласерски погон. Еден од најветувачките е процесот наречен ласерска аблација – каде што пулсирачки ласерски зрак удира на површината , ја загрева и го согорува материјалот за да создаде плазма облак – столб од наелектризирани честици што се исфрлаат од површината. Исфрлањето на тој плазмен облак, всушност, генерира дополнителен потисок за леталото да се движи.

Во  извештајот на Резнуков и Шмит е опишан системот кој го интегрира погонот со ласерска аблација и класичните млазници на вселенското летало. Истражувачите откриле дека  комбинацијата на овие два система може да ја зголеми брзината на исфрлањето на гасовите од системот до суперсонична брзина , истовремено намалувајќи ја количината на согореното гориво.
Руските научници усовршија ласерски ракетен погон
Истражувачите покажаа дека сегашните техники за ласерски погон се ограничени од  фактори кои ги вклучуваат нестабилноста на суперсоничните гасови кога тие поминуваат низ млазникот, како и создавањето на шок-брановите кои го  „загушуваат“ издувниот млазник со што се намалува потисната сила.

Но, овие ефекти можат да се редуцираат со техниката на ласерска аблација на плазма облакот, кој е прeнасочен за да се движи блиску до внатрешните ѕидови на млазникот. Спојувањето на аблацискиот млаз и суперсоничниот проток на издувни гасови, значително го зголемува севкупниот потисок што се генерира во млазникот.

„Сумирајќи ги добиените податоци можеме да предвидиме дека суперсоничниот ласерски погон нема да се применува само за лансирање на малите сателити во земјината орбита , туку и за дополнително забрзување на суперсоничните летала за да се достигне „10 Маха “(Mach) и повеќе“ –вели Резунков.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: