Секојдневна храна која може да биде опасна по здравјето

Одредена храна која ја конзумираме речиси секојдневно и сметаме дека е здрава, всушност може да биде опасна по нашето здравје. Можете ли да претпоставите за кој вид на храна станува збор?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мешунки

20160207-ung-thuc-pham-n-224-y-t-236-nh-trang-t-225-o-b-243-n-o-me-bau-duoc-xu-l-237-ngay-2Мешунките (грав, грашок, леќа) се сметаат за здрава храна и особено се вклучени во вегетаријанската исхрана, со оглед на тоа што се богати со влакна, протеини, јаглехидрати, фолна киселина и железо. Но, како дел од својата природна одбрана, тие исто така содржат и големи количини на лектин – протеини кои делуваат како инсектициди за растенијата, кои исто така можат да бидат штетни и за луѓето. За да се разложат овие хемиски состави, потребно е соодветно да се зготват, односно подолго време да се варат. Во спротивно може да предизвикаат неколку симптоми вклучувајќи гадење, повраќање, дијареа, гасови, болка во стомакот, па дури и труење со храна.

Бадеми

almonds-in-a-bowl-on-wooden-table-maxИако бадемите се сметаат за јаткасти плодови, тие всушност се семиња. Покрај тоа, повеќето сирови бадеми не се навистина сирови. Тоа е така поради тоа што горчливите сирови бадеми содржат природен цијанид. Всушност, се вели дека цијанидот има мирис на горчлив бадем.

Кршењето, гризењето или џвакањето на горчливите бадеми би го активирало цијанидот. Според едно истражување, јадењето на само 4 сирови горчливи бадеми предизвикува вртоглавица, гадење и грчеви во стомакот. Од друга страна, слатките бадеми се многу побезбедни.

Јаболки, цреши, праски, кајсии и сливи

chk_jschlСемките од јаболките, црешите, праските, кајсиите или сливите не треба да се јадат поради тоа што, исто како и бадемите, и тие содржат цијанид кој се активира ако се згмечат, џвакаат или оштетат на кој било начин. Се разбира доколку голтнете една семка нема да предизвикате никаква реакција, но доколку изедете повеќе може да предизвикате негативни реакции.

Ревен или Рабарбара

rhubarb_headerВо исхраната се употребува само стеблото, бидејќи листовите се токсични. Според Националниот институт за здравје, зелените листови од ревенот содржат оксална киселина, а можеби и антракинони гликозиди, што нема да предизвикаат смрт, но во најмала рака може да предизвикаат вртоглавици, болка во стомакот, жежење на устата,а во најлош случај камења во бубрезите или кома. Нивното избегнување е лесно, но внимавајте каде ќе ги фрлите бидејќи и животните се подложни на труење.

Поддржете ја нашата работа: