Шест трансплантации што за прв пат беа изведени во 2015 година

Можностите на модерната медицина секоја година се сѐ поголеми со цел да се продолжи животот на човекот. Во 2015 година за прв пат успешно беа изведени шест епохални трансплантации. Погледнете кои се тие

ПредходнаСледно

11 1. Функционален пенис

Во декември 2014 година, 21-годишен маж беше вториот човек на кој му беше извршена трансплнтација на пенис. Но, операцијата на анонимниот пациент од болницата во Кејптаун, Јужна Африка беше прогласена за успешна дури во март 2015 година, откако се покажа долгорочна функционалност на пенсот. Првиот пациент на кој му беше извршена трансплантација на пенис беше од Кина, но само по две недели пациентот побарал да му биде отстранет трансплантот (енаука.мк).

1. 1. Функционален пенис

22 2. Скалп и череп

Во мај 2015 година, 55-годишниот Џејмс Бојсен доби нов панкреас, бубрег, скалп и череп, после долгогодишна борба со ретка форма на рак наречен „леиомиосаркома“ и земање на имуносупресивни лекови. Од зрачењето кое било користено како третман му бил уништен дел од главата каде ракот ја зафатил мазната мускулатура на скалпот. Тој не би ја преживел транспантацијата на бубрег и панкреас со толку голема рана на главата, па затоа хирургот за пластична и реконструктивна хирургија д-р. Џеси Селбер од Центарот за рак МД Андерсон на Универзитетот во Тексас, му направил делумна трансплантација на скалп и череп.

Минатата година, на жена од Холандија и беше извршена трансплантација на 3Д-печатен пластичен скалп, но Бојсен е првиот во светот кој добил трансплант од човек. Операцијата била испланирана пред четири години, но на докторите им требало време додека пронашле соодветен донор. Оваа операција која траела 15 часа му овозможила на Бојсен да чувствува допир, болка и температура, восхитувачки прецизно.

2. 2. Скалп и череп

33 3. Трансплантација на раце кај дете

Во јули 2015 година, на 8-годишниот Зион Харви од Филаделфија му беше извршена 11-часовна операција за трансплантација на двете дланки (енаука .мк). Тој ги изгубил двете дланки, стопалата и бубрезите на двегодишна возраст како последица на опасна инфекција на крвта. Од својата мајка, малиот Зион добил бубрег и бидејќи веќе земал лекови против отфрлање на органот, бил одличен кандидат за нова процедура што се изведувала на Универзитетот во Пенсилванија, каде наместо протези добил вистински раце. Лековите му овозможувале да ги прими дланките без да ги отфрли.

Иако му претстојат месеци на рехабилитација, Зион досега успеал да држи книга со рацете, да се чеша по лицето и да се ракува.

3. 3. Трансплантација н...

44 4. Трансплантација на цело лице

Во 2001 година, 41-годишниот пожарникар – волонтер Хардисон го изгубил лицето во една акција за гасење на пожар. Маската му се истопила врз лицето, но и после 63 дена рехабилитација во болница тој го изгубил целото лице, скалпот, носот, очните капаци и усните. Во период од 10 години му биле направени околу 70 операции кои не успеале да му го обноват лицето.

Во јули 2015 година, неговиот пластичен хирург д-р.Едуардо Родригез, нашол соодветен донор. Следниот месец на Хардисон му е направена трансплантација на лицето, што претставува првата ваква операција досега. Се очекува за една година Хардисон да воспостави целосна контрола на мускулатурата на лицето и говорот. (енаука.мк)

4. 4. Трансплант...

55 5. Трансплантација на мало вештачко срце

Во март 2015 година, 44-годишната жена Нема Кахала, мајка на пет деца, беше првата на која и беше извршена трансплатација на мало целосно вештачко срце. Откако срцето и откажало како последица од рестриктивна кардиомиопатија, Кахала била ставена на апарат за одржување и ѝ била одобрена итна трансплантација на овој експериментален трансплант. Тоа и овозможило веднаш да добие циркулација во органите и да се стабилизира нејзината состојба, за да биде ставена на листа за чекање за трансплантација на човечко срце. Една недела подоцна, вештачкото срце што и овозможило да остане жива, било заменето со соодветно човечко срце.

Досега се извршени осум трансплантации на целосно вештачко срце „SynCardia“, но Кахала е првата која добила вештачко срце со помала величина чија сигурност сѐ уште е во фаза на испитување од страна на Американската администрација за храна и лекови.

5. 5. Трансплантација н...

66 6. Матка од почината жена

Во ноември 2015 година, тим од клиниката во Кливленд објавија дека се надеваат дека се првите што извршиле трансплантација на матка од почината жена, на жена без матка. Првата трансплантација на матка од жив донор беше успешно извршена една година претходно во Шведска. Сепак ,во клиниката во Кливленд решиле да не изложуваат на ризик жив донор.

Дури откако биле оплодени и замрзнати 10 од нејзините јајце клетки со сперма од нејзиниот партнер преку ин витро, жената била ставена на листа за трансплантација на матка. Откако ќе помине една година со трансплантирана матка, на жената ќе и бидат трансплантирани ембрионите, еден по еден, додека не се постигне бременост. Во клиниката проценуваат дека моментално само во Америка има до 50.000 жени кои се потенцијални кандидати за ваква процедура.

6. 6. Матка од п...
ПредходнаСледно