Што би било потребно за Венера да се направи погодна за живот?

Она што некогаш беше чиста научна фантастика, сега постанува реалност. Се поголем број на научници и астрономи вистински ја разгледуваат можноста за изградба на колонии и населби на други планети.

НАСА веќе подолго време работи на својата мисија за колонизирање на Марс, но освен Црвената Планета, еден друг многу веројатен кандидат за колонизација е Венера, која исто така е позната како сестра близначка на Земјата, поради големата сличност.

Венера е поблиску од Земјата од другите и нуди многу бенефиции за потенцијалните колонизатори. Па, што би било потребно за Венера да се направи погодна за живот на луѓето?

Најголемиот проблем е атмосферата која е 90 пати погуста од атмосферата на Земјата. Просечната температура на површината е толку жешка што може да растопи железо, а воздухот е токсична мешавина на јаглероден диоксид и сулфурна киселина. Па како да се променат овие услови?

Една идеја вклучува пронаоѓање начин за да се рефлектира сончевата светлина и да не стигнува до површината на планетата. За тоа би биле потребни масивни соларни плочи кои би требало да се постават во вселената, во атмосферата или на самата површина на планетата.

Други идеи предлагаат прскање на хемикалии (водород) во атмосферата за да се промени нејзиниот состав и густина, а во меѓувреме изградба на градови во лебдечки балони над токсичните облаци на Венера, кои би служеле како живеалишта додека планетата да стане погодна за живот.

venus-cloud-city-768x432

Постојат и други идеи кои вклучуваат атстранување на атмосферата и забрзување на ротацијата на Венера, но сето тоа останува во далечната иднина.

Секако дека придобивките од колонизирањето на Венера се големи – човештвото ќе добие втор дом и нови ресурси, и ќе научи нови техники кои би можеле да помогнат да се спречат катаклизмичните промени на Земјата, но остварувањето на сето тоа е тешкиот дел и е нешто што човештвото не би можело да го постигне во брзо време. Но, идејата останува и можеби некогаш во иднината Венера навистина ќе стане сестра на Земјата.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк:

Дали треба да се обидеме да ја населиме Венера наместо Марс?

Дали Венера некогаш била погодна за живот?

Поддржете ја нашата работа: