Што ќе се случи ако се напиете крв?

Иако се чини дека ненадејниот пораст на фанови на вампирите замре, со завршувањето на две од нивните движечки сили – филмовите „Самрак“ и серијата „Вистинска крв“, сепак, важно е да се напомене дека опсесијата со вампиризмот е прилично нездрава, во зависност до кои граници сте подготвени да одите.

Пиењето крв се смета како основна карактеристика на вампирската субкултура. Оние кои започнуваат ваков начин на живот, најчесто се групираат во мали кланови и практикуваат пиење на животинска или човечка крв (преферираат човечка, а некои имаат и донори) бидејќи сметаат дека им е потребна за да имаат енергија и сила, а често ја користат крвта и како фетиш при сексуалните односи. 

Покрај очигледните болести кои се пренесуваат преку крвта, како хепатит Б, хепатит Ц и ХИВ, конзумирањето на човечка крв во големи количини е отровно. Всушност, конзумирањето на крв е исто како и конзумирањето на кој било друг отров – мала количина нема да предизвика никаква штета, но преголема може да биде опасна по живот, а тоа се должи на железото во крвта. На нашето тело му е потребно железо за да функционира, но преголемите количини се токсични и може да предизвикаат заболување на црниот дроб и срцето.


ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt