Џозеф Ванг и неговите колеги нагласуваат дека титаниум диоксид е најветувачки од сите достапни материјали за деградација на овие агенси. Не бара јаки хемикалии и не резултира со токсични нус-појави.
Сегашниот пристап во употребата на титаниум диоксидот, сепак, бара тој да се меша со растворот што треба да се деконтаминира. Меѓутоа, не постои начин титаниум диоксидот активно да се меша со водените текови, доколку се испушти хемиски или биолошки агенс во животната средина.
Затоа научниците работеа на пронаоѓање на начини како титаним диоксидот да се расфрла во околината, за да се забрза процесот на деконтаминација без да има потреба од активно мешање. Но, во досегашните пристапи се користело гориво и компоненти кои ја отежнувале неутрализацијата. Тимот на Ванг сакал да го надмине овој проблем.
За да му обезбедат ударно дејство на титаниум диоксидот, тие го обложиле околу сферично јадро од магнезиум. Кога ќе се стави во водена средина, мал отвор во обвивката дозволува водата да навлезе и да реагира со магнезиумовото јадро. Ова произведува водороден гас, кој излегува во форма на меурчиња и го распрскува титаниум диоксидот во течната средина. Ова му овозможува многу брзо и ефикасно да стапи во контакт со штетниот агенс и да го уништи.
На тестирањето, микромоторите успешно неутрализирале нервни агенси и бактерии слични на антракс за значително пократко време од микрочестичките на титаниум диоксидот кои не се распрскуваат.
Истражувањето е објавено во списанието „ACS Nano“.