Теоријата за боите и емоциите на Гете

Бојата е суштински дел од тоа како ние го доживуваме светот, и биолошки и културолошки. Една од најраните формални истражувања на теоријата за боите доаѓа од помалку невообичаен извор – германскиот поет, уметник и политичар Јохан Волфганг фон Гете, кој во 1810 година ја објави „Теоријата за боите“ , неговата расправа за природата, функцијата и психологијата на боите.

И покрај тоа што овој труд беше отфрлен од голем дел од научната заедница, тој остана предмет на голем интерес на група истакнати филозофи и физичари, меѓу кои Артур Шопенхауер, Курт Гедел и Лудвиг Витгенштајн. Една од најрадикалните поенти беше побивањето на Њутновата теорија за спектарот на бои, укажувајќи дека темнината повеќе е активна компонента, отколку мерливо отсуство на светлина.

„Светлината и темнината, или ако го преферирате поопштиот израз, светлината и нејзиното отсуство, се неопходни за да се создаде боја … Самата боја е степен на темнината“.

Но, веројатно неговите најфасцинантни теории се за влијанието на боите на емоциите и расположението – идеи произлезени од интуицијата на поетот, кои се дел забавни претстави кои се граничат со суеверие, дел предвидувања, научно потврдени двеста години подоцна, а дел едноставно прекрасна манифестација на убавината на говорот.

Жолта

Жолтата боја е најблиску до светлината. Во нејзината највисока чистота, таа во себе ја носи природата на светлината и има смирувачки, весел и нежно возбудлив карактер.

flowersПоради ваквата нејзина природа, жолтата боја е многу подложна на загадување и во такви случаи може да  биде непријатна. Оттука, жолтата боја на сулфурот која се движи кон зелена, има нешто непријатно во неа.

Ако жолтата боја се пренесе на груби површини, како на пр. на обична крпа или слично, каде не се појавува во својата полна енергија, нејзиниот непријатен ефект станува очигледен. Со мала и едвај приметна промена, бојата на честа и радоста се претвора во нешто што предизвикува срам и одбивност. Оттаму веројатно води потекло и жолтата лента на наметките на Евреите во времето на нацизмот.

Црвено-жолта

Бидејќи ниедна боја не може да се смета за постојана, може многу лесно да ја прошириме жолтата во црвеникава со нејзино згуснување или потемнување. Оваа боја ја зголемува енергијата и како црвено-жолта е уште помоќна и прекрасна.

Се што важи за жолтата боја може да се примени и тука, во повисок степен. Црвено-жолтата дава впечаток на топлина и радост, бидејќи претставува поинтензивна нијанса на сјајот на огнот.

Жолто-црвена

Ако силно гледате во жолто-црвена површина, имате чувство дека ви ги боде очите. Таа предизвикува екстремна возбуда, а исто делува дури и кога ќе се затемни. Жолто-црвената боја ги вознемирува и разбеснува животните. Има и луѓе кои не можат да поднесат кога ќе видат човек облечен во оваа боја, во сив дождлив ден.

Во боите од „негативната страна“ спаѓаат: сината, црвено-сината и сино-црвената. Тие предизвикуваат чувство на немир ,чувствителност и анксиозност­.

Сина

fe288cb9742d8be02847a6646e811264Оваа боја има чуден и речиси необјаснив ефект на окото. Како боја е моќна – но во негативна смисла, а во својата најголема чистота делува дури контрадикторно – и возбудувачки и смирувачки.


Сината ни дава чувство на студ со што не потсетува на сенка, па оттука и наклонетост кон темнината. Собите кои се обоени со чиста сина боја изгледаат малку поголеми, но во исто време ладни и празни.

Црвено-сина

Сината се продлабочува во црвена многу благо и со тоа се здобива и со некои активни карактеристики. Нејзината возбудувачка моќ сепак е различна од онаа на  црвено-жолтата. Може да се каже дека повеќе е вознемирувачка отколку смирувачка.

Многу бледа нијанса на оваа боја е позната како лила, но и во овој степен има некаква живост – но без знаци на радост.

Сино-црвена

Вознемирувачкото чувство се зголемува со продлабочувањето на оваа боја и би можело слободно да се рече дека килим во чисто сино-црвена боја би бил неподнослив. Од друга страна, посветлата нијанса од оваа боја употребена за фустани, панделки или други украси, покажува чудна привлечност.

Црвена

Ефектот што го има  оваа боја е подеднакво необичен како и нејзината природа. Оддава впечаток на сериозност и достоинственост, а во исто време и на милост и привлечност. Првиот впечаток се поврзува со потемните подлабоки нијанси, додека вториот со посветлите понежни нијанси и оттука, достоинството на возраста и симпатичноста на младоста можат да се „украсуваат“ со различни нијанси на истата боја.

tumblr_ltsk57Yii61qelxyto1_500Зелена

Кога ќе се соединат жолтата и сината боја – резултатот е она што го нарекуваме зелена боја. Влијанието на зелената боја врз окото е многу пријатно. Кога двете основни бои се помешани во совршен сооднос така што ниедна боја не преовладува, тогаш и окото и умот едноставно уживаат во оваа боја. Набљудувачот нема ни волја ни сила да замисли состојба надвор од оваа. Затоа оваа боја е најчест избор за собите за дневен престој.

Иако тешко може да се нарече наука, „Теоријата за боите“, со својата филозофија и уметничкото доживување на боите – и после двеста години – не престанува да предизвикува внимание.

Поддржете ја нашата работа: