Цинизмот има висока цена.Буквално!

Циничниот поглед на свет е поврзан со слабо физичко здравје, како и намалување на психолошката благосостојба и брачни проблеми. Дополнително, според новото истражување објавено во списанието „Journal of Personality and Social Psychology“, циниците може да заработуваат помалку од нивните идеалистички врсници.

Циниците – кои имаат тенденција да се сомневаат во мотивите на другите луѓе и веруваат дека луѓето се во суштина себични, често имаат пониски примања.

Зошто? Поради недовербата, тие често избегнуваат соработка, и исто така, имаат тенденција да вложуваат повеќе ресурси отколку што е потребно за да се заштитат себе. Веројатноста да побараат помош речиси не постои.

„Вработените кои веруваат  дека другите се експлоататори и нечесни, најверојатно ќе избегнат заеднички проекти и на тој начин губат можности”, вели  Олга Ставровa, истражувач по психологија на Универзитетот во Келн во Германија и една од авторите на истражувањето.

Луѓето кои имаат позитивен поглед на човековата природа, од друга страна, може имаат поголема веројатност за финансиска корист од можностите да ги здружат силите со другите.

Истражувачите извршиле серија на испитувања за да се провери/утврди корелацијата помеѓу цинизмот и загубата на приходите. На пример, врз  репрезентативен примерок од 16.000 Германци, откриено е дека помалку циничните луѓе заработуваат околу 300 $ повеќе месечно отколку нивните цинични колеги. Статистички значајна корелација меѓу цинизмот и парите е пронајдена и кај Американците.

Ако сакате да бидете повеќе финансиски успешни, а можеби и малку посреќни, исто така – обидете се да бидете поотворени кон другите. Буквално ќе ви се исплати.

Поддржете ја нашата работа: