Истражувачите велат дека ризичното сексуално однесување кај адолесцентите станува сериозен здравствен проблем бидејќи тие иако сочинуваат само една четвртина од сексуално активното население, половина од сите сексуално преносливи болести се јавуваат токму кај нив.
Со оглед на тоа што улогата на родителите и нивното влијание на децата се нашироко прифатени во теоријата за развој и здраво однесување, авторите на истражувањето се обидуваат да утврдат колкаво влијание има комуникацијата меѓу родителите и адолесцентите на тема секс.
Истражувачите прегледале детален извор на 52 релевантни студии кои вклучувале повеќе од 25 илјади адолесценти за да ја истражат поврзаноста помеѓу комуникацијата меѓу родителите и адолесцентите за сексот и практикувањето на безбеден секс кај младите, што ја вклучува употребата на контрацептивни средства и кондоми. Адолесцентите биле со средна возраст од 18 години, и помлади.
Анализата покажала значително позитивна асоцијација помеѓу комуникацијата за сексот и практикувањето на безбеден секс. Посилно влијание било забележано кај девојчињата и комуникацијата со своите мајки, наспроти татковци.
Ова откритие е во согласност со досегашните истражувања кои покажале дека родителите почесто комуницираат со девојчињата и им ги објаснуваат негативните последици од сексуалните активности. Ако родителите сакаат да имаат посилно влијание на момчињата, можеби ќе треба да го сменат тонот и содржината на пораките кои сакаат да им ги пренесат во однос на сексуалните активности.
Да сумираме, овие наоди потврдуваат дека разговорот со вашите деца за сексот ќе ги потикне да се однесуваат поздраво. Кога ќе почнете да зборувате, без разлика колку е непријатно или срамно, тие ќе ве слушаат!