Со вештачка интелигенција во потрага по вонземјани?

За да откриеме нови светови погодни за живот во морето од вселенски податоци, потребни ни се компјутери кои ќе „размислуваат“ многу брзо.

Првите планети надвор од нашиот сончев систем се откриени на почетокот на 1990-тите години. Оттогаш, научниците обележиле 3.400 од овие егзопланети, а сега се обидуват да одредат на која може да има вонземен живот.

Но, на научниците понекогаш им се потребни денови, па и недели за да анализираат само една планета. Сега, инструментите како што е  вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој ќе биде лансиран во 2018 година, набрзо ќе испраќаат толку многу податоци што научниците не ќе можат мануелно да ги обработуваат.

Овие заостанати податоци ќе ги успорат, а можеби и ќе ги оневозможат новите откритија. Затоа, научниците од Кралскиот Колеџ во Лондон го создале „RobERt“ – вештачка интелигенција што може да ги скенира податоците и да открива знаци за планети погодни за живот многу побрзо, отколку што човекот воопшто би можел.

Еве на кој начин: Планетите рефлектираат мала фракција од светлината од околните ѕвезди. Кога таа светлина поминува низ атмосферата, различните гасови или ја апсорбираат или дозволуваат да помине низ низ нив во одредени бранови должини. Научниците на Земјата можат да го користат тој спектар за да одредат од што е составена атмсферата на таа планета и врз основа тоа дали може да поддржува живот.

„RobERt“ (скратено од „Robotic Exoplanet Recognition“) може да го анализира спектарот на една планета во една секунда. Оваа моќ му ја овозможува една мрежа која функционира слично како што размислува човечкиот мозок: ги филтрира податоците преку повеќеслојна мрежа од силиконски „неврони“, од кои секој ги прочистува податоците понатаму, додека системот не дојде до одговор кој смета дека е исправен – во овој случај, кои гасови се присутни во дадениот спектар.

Како и човечкиот мозок и оваа мрежа се учи преку обиди и грешки, па затоа за да го обучат „RobERt“, истражувачите му претставиле повеќе од 85.000 симулирации од  спектарот. На крајот „RobERt“ ја поставил точната смеса од гасови во 99,7 од случаите, дури и кога истражувачите намерно му давале некомплетни или неразбирливи податоци, вели Инго Валдман, водач на истражувачкиот тим.

ai-442490

Откривањето на нови планети погодни за живот е само почеток. Брзата анализа на податоците од страна на „RobERt“, на прво место, може да им овозможи на научниците подобро разбирање за тоа како се формирани сончевите системи, вклучувајќи го и нашиот.

„Ние сме на самиот почеток кога се работи за тоа како се формирани планетите. Единствен начин како да го рабереме ова е преку разгледување на многу примери од други сончеви системи“- вели Валдман.

„RobERt“ ќе биде додаден на списокот на познати системи, што ќе служи како еден вид на астроном во кутија – алатка што истражувачите од Кралскиот Колеџ ќе може да им ја пренесуваат на вселенските агенции, за да можат да ги проверат податоците од своите опсервации на егзопланетите. „Тогаш, можеби ако имаме среќа можеби ќе откриеме мала планета погодна за живот“- вели Валдман.

Статијата е објавена во изданието ноември/декември 2016 година на списанието „Popular Science“.

Поддржете ја нашата работа: