Водечки причини за смрт и животен век низ светот

Причините за смрт прилично се разликуваат од земја до земја , но, на глобално ниво, нарушувањата од злоупотребата на дрога и хроничните бубрежни заболувања се главните причини за пораст на прерани смртни случаи од 1990 година. Стапката на смртност од некои видови на рак, вклучувајќи го ракот на панкреасот и ракот на бубрезите, исто така, се зголеми. Во исто време, земјите направија големи чекори во намалувањето на смртноста од болести како што се малите сипаници и дијареата, со 83% и 51% намалување, од 1990 до 2013 година.

На глобално ниво, три состојби – исхемична болест на срцето, мозочен удар и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)  се одговорни за речиси 32% од сите смртни случаи.

Анализата која опфаќа 240 болести на национално и регионално ниво, исто така испитува дали водечките причини за смрт во земјите со пониски приходи се разликуваат од оние во земјите со повисоки. Дури и со големи подобрувања во долговечноста во сиромашните земји, здравствените предизвици со кои се соочуваат земјите како што се Боливија, Непал и Нигерија се многу различни од оние со кои се соочуваат земјите како што се Јапонија, Шпанија и САД. Просечната возраст на смрт се зголеми од 46,7 во 1990 година на 59,3 во 2013 година, како резултат на намалувањето на плодноста и демографската промена во светската популација на постара возраст. Делумно поради глобалниот раст на населението, бројот на смртни случаи кај двата пола, за сите возрасти е зголемен од  47.500.000 на 54.900.000.

Бројот на луѓе што умираат од одредени состојби , како што се болести на срцето, се зголемува пропорционално со зголемувањето на популацијата, но специфичната возраст на смрт е променета, што е знак за напредок. Стапката на смртност од повеќето видови на рак, вклучувајќи го ракот на дојка, ракот на матка и ракот на дебелото црево се намалени, но обратното важи за ракот на панкреасот, ракот на бубрезите и не-Хочкиновиот лимфом.

Глобално, животниот век и за двата пола е зголемен од 65,3 години во 1990 година на 71,5 години во 2013 година, со мала корист за жените. Се предвидува до 2030 година очекуваниот животен век кај жените да биде 85,3 години и 78,1 кај мажите.

Половиот јаз во стапката на смртност кај  возрасните меѓу 20 и 44 години се проширува. ХИВ/СИДА, меѓучовечко насилство, сообраќајни несреќи, како и смртноста при породување на мајките се некои од клучните опасности за жените. За децата под 5 години, дијареални болести, инфекции на долниот респираторен тракт, неонатални нарушувања и маларија се се’ уште  меѓу водечките причини за смрт.

Со оглед на големината на населението во Индија особено, со претпоставки дека наскоро може да стане најнаселена земја во светот, тамошниот морталитет има глобални импликации. Во 2013 година, Индија бележи 19% или 10,2 милиони смртни случаи во светот. Сепак, има направено голем напредок. Помеѓу 1990 и 2013 година, очекуваниот животен век е зголемен од 57,3 на 64,2 години за мажите и од 58,2 на 68,5 години за жените.

Дијабетесот, други ендокрини заболувања и хроничната бубрежна болест го намалуваат животниот век во многу региони, вклучувајќи ја и централна Латинска Америка. Менталните нарушувања имаат негативно влијание во повеќе региони, особено во Северна Америка. Намерните повреди  доминираат во Јужна Азија и јужниот дел на суб-сахарска Африка. Во Источна Европа и Централна Азија, цирозата на црниот дроб се одразува на животниот век. ХИВ/СИДА  е главна причина за смрт во јужна суб-сахарска Африка и во помала мера  во Западна и Источна суб-сахарска Африка.

Генерално, стапките на смпртност на глобално ниво значително се зголемиле за само неколку болести во периодот помеѓу 1990 и 2013 година.

Водечките причини за смрт на глобално ниво, со бројот на смртни случаи: 

2013 година

1. Исхемична срцева болест (8.139.900)

2.  Мозочен удар (6.446.900)

3. Хронична опструктивна белодробна болест (2.931.200)

4. Пневмонија (2.652.600)

5. Алцхајмерова болест (1.655.100)

6. Рак на белите дробови (1.639.600)

7.  Сообраќајни несреќи (1.395.800)

8. ХИВ / СИДА (1.341.000)

9. Дијабетес (1.299.400)

10. Туберкулоза (1.290.300)

1990 година

1. Исхемична срцева болест (5.737.500)

2. Мозочен удар (4.584.800)

3. Пневмонија (3.420.700)

4. Дијареални болести (2.578.700)

5. Хронична опструктивна белодробна болест (2.421.300)

6. Туберкулоза (1.786.100)

7. Неонатални компликации (1.570.500)

8. Сообраќајни несреќи (1.058.400)

9. Рак на бели дробови (1.050.000)

10. Маларија (888.100)

Поддржете ја нашата работа: