Животните знаат кога сте неправедни спрема нив

Човекот по природа има чувство за праведност, а од еволутивен аспект би можело да се заклучи дека станува збор за начин на постигнување лична корист. Но таа корист е важна и за човечката соработка која се базира на реципрочниот алтруизам – им помагаме на оние кои ни помогнале.

Но што е со животните? Не разликува ли нас чувството за праведност од другите животни, и дали постои такво чувство кај нив?

Со спроведување на тест за интегритет кај животните, научниците откриле дека ние не сме единствените кои имаат чувство за праведност. По завршувањето на тестот, една единка добила награда за завршената задача, додека друга добила утешна награда – што, всушност, на животните ова не им се допаѓа.

Истиот тест е направен и кај еден вид од семејството на врани. Враните морале да им вратат на истражувачите жетон со што би добиле награда. Наградите се состоеле од парчиња краставица и зрна грозје. Грозјето за враните претставува едно од најомилените јадења, па така една единка почнала да протестира барајќи од истражувачот грозје наместо краставица.

Освен тоа кога една единка напорно работела за својата награда, а на другата оваа награда и била подарена, онаа која се трудела престанала да учествува.

Враните не се единствени. Неправдата ја препознаваат и други примати како шимпанзата и макаки мајмуните, па дури и некои високо социјални цицачи како кучиња и стаорци.

Истражувањето е објавено во списанието The Conversation, а главен автор на студијата е Клаудија Васер, професор по биологија на Универзитетот во Велс.


Поддржете ја нашата работа: