Зошто е тешко да се гледа соговорникот во очи?

Едно ново истржување покажува дека постои добра научна причина зошто некои луѓе не успеваат да го гледаат соговорникот во очи за целото време додека разговараат со него.

Всушност, нашиот мозок не може во исто време да се справи со двете задачи – да мисли што ќе каже и да се фокусира на лицето на соговорникот.

Овој ефект станува уште поизразен кога се обидуваме да се сетиме на некој помалку познат збор, затоа што се смета дека при тоа се користат истите ментални ресурси како и при одржување контакт со очите.

Научниците  од Универзитетот Кјото во Јапонија, го тестирале ова на 26 волонтери, кои требало да играат асоцијации на одредени зборови, додека гледале во комјутерски лица.

Тие биле тестирани и додека гледале во анимираното лице и кога го тргале погледот од него.

На волонтерите им било потребно подолго време да се сетат на соодветниот збор додека гледале во лицата, но само кај потешките асоцијации. Научниците веруваат дека двоумењето значи дека мозокот се справува со премногу информации наеднаш.

Иако, се разбира дека е можно е да се гледа соговорникот во очи и да се разговара, ова претставува доказ дека и за двете задачи е потребно исто поле на когнитивни ресурси, а тоа поле понекогаш може едноставно да се исцрпи.

Happy business people talking on meeting at office

Големината на примерокот користен во истражувањето е прилично мала, но хипотезата е интересна и не е првата студија што укажува дека мозокот станува малку „збунет“ кога се работи за гледањето во очи.

Минатата година, италијанскиот психолог Џовани Капуто, демонстрираше дека гледањето  во нечии очи 10 минути, индуцира изменета состојба на свеста. Учесниците гледале халуцинации од чудовишта, свои роднини, па дури и од своите лица.

Причината за ова се чини е процесот наречен неврална адаптација, кога мозокот постепено го менува својот одговор на стимулот кој останува непроменет – кога ќе ја ставите раката на маса, тоа веднаш го чувствувате, но ако ја оставите раката подолго таму, чувството се намалува.

И волонтерите кои учествувале во експериментот со асоцијациите, можно е да доживеале ваков тип на неврална адаптација, но истражувачите од Универитетот Кјото велат дека се потребни понатамошни истражувања за поврзаноста на вербалната и невербалната комуникација.

Истражувањето е објавено во списанието „Cognition“

Поддржете ја нашата работа: