20 неверојатни факти за вселената

1. Според астронаутите што се вратиле од вселенските мисии, вселената мириса како мешавина од вжештен метал, гасовите при швајсување и пржено месо.

1

2. Постои еден феномен што научниците го нарекуваат гравитациона леќа, што се случува кога гравитацијата ја накривува светлината до точка кога објектите изгледаат дека се на друга локација од таа каде што навистина се наоѓаат.

2

3. Поради неверојатната коинциденција Месечината да е 400 пати помала од Сонцето, и 400 пати поблиску од Сонцето, при затемнување на Сонцето, или при Соларна еклипса, тие изгледаат дека имаат иста големина.

3

4. Најскап вселенски објект што досега е изграден е Меѓународната вселенска станица која чини околу 160 милијарди долари.

4

5. Астронаутите обично стануваат повисоки за околу пет сантиметри додека се во вселената.

5

Заради недостатокот на гравитација, ’рбетниот столб на астронаутите се издолжува за околу три проценти додека се во вселената. Ова е слично на ефектот што се случува додека спиеме. Бидејќи ’рбетниот столб е помалку оптеретен од силата на гравитацијата додека сме во легната положба, ние сме незначително повисоки кога ќе станеме наутро. (извор)

6. Два тима на астронаути откриле огромен резервоар на вода кој лебди во вселената. Количеството на вода е 140 трилиони пати поголемо од количеството на вода во нашите океани.

6

7. Гледано во вселената Сонцето е бело, за разлика од Земјата од каде што изгледа жолто (извор)

7

8. На Венера врне метален снег

8

9. НАСА открила ѕвезди што се толку ладни што би можеле да се допрат (поладни од човечкото тело)

9

10. Ако го претставиме Сонцето со големина на обична топка, тогаш Јупитер (во однос на Сонцето) би бил како топче за голф, а Земјата колку зрно грашок.

10

11. Обрачот што понекогаш може да се забележи околу Сонцето или Месечината е знак дека доаѓа бура.

11

Овој обрач го предизвикуваат ледените кристали од високите облаци, цирусите. Постои една изрека која вели „круг околу Сонцето или Месечината значи дожд во скоро време“ и во тоа има вистина, бидејќи цирусите често преминуваат во бура (извор)

12. Најтипичните астероиди (како Ерос) содржат драгоцени метали во вредност од трилиони долари.

12

13. На сликата подолу Земјата се гледа како светло сина точка на оддалеченост од на 6 милијарди километри.

13

Сликата е направена од Војаџер 1, во 1990 година, на растојание од 6 милијарди километри. На сликата Земјата е со големина на една точка  во пространството на вселената. Дури и во рамките на нашиот Сончев систем, оваа слика покажува колку сме мали во вселената.(извор)

14. Дијамант со големина на Месечината, кој се проценува дека има 19 милијарди трилиони трилиони карати е откриен во вселената. Наречен е Луси, според песната на Битлси „Луси на небото со дијаманти“ (Lucy in the Sky with Diamonds).

14

15. НАСА планира да одгледува растенија на Месечината

15

16. Џуџестата планета Церера, што се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер никогаш не била посетена од вселенско летало и не е детално фотографирана.

16

17. Кога луѓето би можеле да живеат на Титан, тие би можеле да летаат наоколу мавтајќи со крила закачени за рацете, затоа што атмосферата е многу густа, а гравитацијата е мала.

17

18. Еден руски извештај за 33 лебарки кои се изведени во вселената покажува дека тие се поцврсти и побрзи од лебарките на Земјата.

18

Познато е дека лебарките се многу јаки и дека веројатно се единствените организми кои би преживеале атомска војна. Сепак, се покажало дека лебарките одгледани во вселената добиваат супер способности во однос на нивните земни браќа.(извор)

19. Месечината полека се оддалечува од нас и тоа за 3,78 см. годишно.

19

Месечината секогаш имала голема улога за Земјата. Дури и пред појавата на луѓето, Месечината служела како заштита на светот од опасните атероиди, а денеска има директно влијание на оската на Земјата и на плимата на океаните. За жал оваа блиска релација еден ден ќе заврши, бидејќи Месечината постојано се оддалечува од нас за 3,78 см. секоја година.(извор)

20. Според Стивен Хокинг, човештвото нема да преживее ако не ја напушти Земјата. Ако ова што го вели е точно, ни остануваат помалку од двеста години да ја освоиме вселената.

20

Во едно интервју пред неколку години, Стивен Хокин изрази загриженост дека човештвото е во ризик од два вида катастофи. Едната може да биде предизвикана од нас самите, било да се работи за климатски промени, нуклеарна или биолошка војна, а втората би била предизвикана од вселената – дали од астероид, супер нова или гама зрачење, или -што е помалку веројатно, од инваазија на вонземјани.(извор)

Извор:UNB Facts

 

Поддржете ја нашата работа: