5 Факти за универзумот

Она што е сигурно кога се работи за универзумот, е дека е огромен, но има и многу работи од кои, ако се обидете да ги разберете, сигурно ќе ве заболи главата.

Астрономот Аманда Бауер издвојува пет неверојатни факти за универзумот што се познати (а можеби и не).

ПредходнаСледно

11 1.Универзумот нема маргина

Ние познаваме една маргина  – нашиот хоризонт, што претставува границата на тоа колку далеку може да видиме.

Тоа е како кога пловиме на брод на океан и го гледаме хоризонтот во далечина, после кој знаеме дека има уште од Земјата, но не можеме да ја видиме.

Позади видливиот хоризонт, исто така сметаме дека и универзумот продолжува во бескрај. Нема причина да веруваме дека универзумот има маргина, но исто така нема начин да ја измериме оваа бесконечност, бидејќи физички не може да ја видиме.

1. 1.Универзумот нема маргина<...

22 2.Црната материја и црната енергија сочинуваат 95 проценти од универзумот

Само 5 проценти од универзумот се состои од обична материја, како што се планетите, ѕвездите или предметите. Оваа „нормална материја“ е сочинета главно од протони, неутрони и електрони.

24 проценти отпаѓа на една егзотична материја која стапува во интеракција преку гравитација, но не продуцира светлина што ја прави невидлива за нас. Се нарекува „црна материја“.

Бидејќи црната материја реагира со обичната материја многу слабо, физичарите немаат убедлив одговор за тоа што претставуваа оваа материја. Надежите се дека акцелераторите на честички, како што е Големиот хадронски судирач, многу брзо ќе им овозможат на научниците нови информации.

Останатите 71 проценти во универзумот претставуваат еден навистина бизарен тип на материја. Можеби и воопшто не е материја, туку се работи за својство на самиот универзум. Оваа мистерија се нарекува „црна енергија“. Она што се знае за црната енергија е дека има гравитациски одбивен ефек што предизвикува ширењето на универзумот да се забрзува. Но, не се знае како се случува тоа забрзување.

2. 2.Црната материја и црната ...

33 3.Не постои центар на универзумот

После големата експлозија (Биг-Бенг), пред 13,8 милијарди години, универзумот постојано се шири. Но, Биг-Бенг не треба да се замислува како обична експлозија во универзумот, туку повеќе како експлозија на самиот универзум, така што секоја точка во вселената се оддалечува подеднакво од секоја друга точка во вселената. Нема центар на ширењето.

Од нашата галаксија е измерено дека сите други галаксии се оддалечуваат од нас, а колку што е галаксијата подалечна, таа побрзо се оддалечува. Интересно е што ако се зумира која било друга галаксија може да се измери истиот ефект – сите други галаксии ќе се оддалечуваат.

3. 3.Не постои центар на униве...

44 4.Од далечните галаксии може да се добие увид во минатото

Некои галаксии се толку оддалечени од нас што се потребни милијарди години нивната светлина да стигне до нас. Сликите што ги добиваме преку нашите телескопи ни покажуваат како изгледале тие галаскии пред милијарди години, кога светлината ја „напуштила“ галаксијата.

Андромеда е најблиската спирална галаксија до нас, која е оддалечена 2,5 милијарди светлосни години, така што сликите од Андромеда ни покажуваат како таа изгледала пред 2,5 милијарди години. Најоддалечената галаксија што досега сме ја детектирале се наоѓа на оддалеченост од 13 милијарди светлосни години. Ова значи дека гледаме во светлоста на галаксијата каква што била пред речиси 2 милијарди години после Биг-Бенг.

4. 4.Од далечните галаксии мож...

55 5.Во иднина ќе доминираат црните дупки

Сега се наоѓаме во ерата Стелиферус – што значи дека во универзумот има многу ѕвезди. Оваа ера започнала неколку стотини милиони години после Биг-Бенг, кога се формирале првите ѕвезди.

И денес, речиси 13,7 милијарди години подоцна, сѐ уште се формираат нови ѕвезди, иако бројот на новоформирани ѕвезди опаѓа секоја година.

На крај, ќе престане формирањето на нови ѕвезди и сите ѕвезди полека ќе почнат да се гасат. Но, во таа далечна иднина, супермасивните црни  дупки сѐ уште ќе постојат.

Се верува дека во центарот на секоја галаксија во универзумот се наоѓа супермасивна црна дупка, што значи, на крај стотици милијарди супермасивни црни дупки ќе се шират во универзумот кој постојано се проширува.

После многу, многу трилиони години, овие црни дупки полека ќе испарат преку „Хокинговата радијација“.

Ќе останат само елементарните честички да се движат низ огромното пространство, без можност да се судрат со нешто друго околу нив.

5. 5.Во иднина ќе доминираат ц...
ПредходнаСледно