Без гајле, сарказмот ја подобрува креативноста

Тоа беше неочекувана и дрска инверзија на настаните на денот, која на смешен начин ја истакна реалноста со која се соочува нацијата. Имплицитно, исто така, е нагласен стравот од надмоќта на афро-американски човек кој стигна на недостижна позиција.

Сарказамот не е баш посакувана форма на комуникација. На грчки и на латински значи „кинење месо”, непријателство прикриено со хумор, говор на непочитување, фаворизиран од страна на „паметниците“, па општо се мисли дека е подобро да се избегнува.

Но, новото истражување на Франческа Гино од бизнис школата Харвард, Адам Галински, професор по бизнис во бизнис школата Колумбија, и Хуанг Ли од Европското бизнис училиште, утврди дека сарказмот е далеку посуптилен и всушност нуди некои важни психолошки и организациски бенефиции.

За да се создаде или да се декодира сарказам, испраќачите и примателите на сарказам треба да надминат контрадикција (на пример, психолошката дистанцираност) меѓу буквалното и вистинското значење на саркастичните изрази. Ова е процес кој се активира и се олеснува со апстракција, која пак, го промовира креативното размислување.

Иако љубителите на сарказам долго интиутивно веруваат дека се работи за еден вид ментална гимнастика и показател на супериорни когнитивни процеси, досега не беше јасен правецот на причинското-последичната врска, односно дали сарказмот ја зголемува креативноста кај примателите, а не само кај креаторите.

Во серија на студии, учесниците биле случајно распоредени во саркастични, искрени, или неутрални симулирани разговори.

Оние од саркастичната група последователно подобро ги решавале задачите за креативност во однос на искрената и неутралната група. Ова укажува дека сарказмот има потенцијал да ја катализира креативноста кај сите. Иако не е во фокусот на истражувањето, можно е дека природно креативните луѓе, исто така, да се со поголема веројатност да користат сарказам, што го прави сарказмот последица, а не причина за креативност.

Се разбира, користењето на сарказам на работа или во социјални ситуации, не е без ризик. Тоа е стил на комуникација, кој лесно може да доведе до недоразбирање и конфузија или, доколку е особено суров, повреда на егото или огорченост. Но, ако оние кои употребуваат саркастична комуникација развијат меѓусебна доверба, има помали шанси за повредени чувства, па дури и ако се појави конфликт, истиот нема да ги попречи креативните придобивки за двете страни.

Додека повеќето претходни истражувања сугерираа дека сарказмот е штетен за ефикасна комуникација, бидејќи се доживува повеќе како презир, отколку искреност, ние откривме дека сарказмот помеѓу поединци, кои имаат доверлив однос воопшто не генерира презир“, велат авторите.

Дополнително, треба да се анализира како тонот и содржината на посебните видови на сарказам, саркастични критики, комплименти и шеги влијаат на комуникацијата, како и на когнитивните процеси на поединците.

Се надеваме дека ќе ги инспирираме нашите истражувачки организации и експерти за комуникација да го разгледаат сарказмот,” изјави Гино. “

Наместо во целост да се обесхрабрува користењето на сарказам, би можеле да се едуцираат поединци за соодветните околности под кои може да се користи сарказам. Со тоа, би се зголемила креативноста и на индивидуално и на колективно ниво, пример, на работното место.

Поддржете ја нашата работа: