Чекор напред против амебите кои го јадат мозокот

Naegleria fowleri“ – амеби кои го „јадат“ човечкиот мозок,  се наоѓаат во топлите слатководни базени во целиот свет, хранејќи се со бактерии.  Доколку пливате во некој од овие базени и внесете од водата во организмот, започнува потрагата на амебите по оброк. Оттука, тие почнуваат да го уништуваат  ткивото со внесување на клетки и ослободување на протеини кои ги дезинтегрираат другите клетки.

Имунолошкиот систем активира контра напад со преплавување на мозокот со имунолошки клетки, предизвикувајќи воспаление и оток. Тоа ретко успева: од 132 инфицирани лица во САД од 1962 година, само три преживеале.

Глобално, инфекциите од амеба се ретки, но некои места се повеќе изложени на ризик. Во Пакистан, има околу 20 смртни случаи годишно, вели Абдул Манан Баиг од Универзитетот Ага Кан во Карачи.

Не постои стандарден третман. Лекарите во САД неодамна започнале со обидите да ги уништат амебите со милтефосин, ефикасен лек против паразитот лајшманиоза. Maнан смета дека тој пристап е погрешен затоа што всушност, имунолошкиот одговор може да биде повеќе штетен отколку самата амеба.

Имунолошко преоптоварување

Проблемот е во тоа што ензимите произведени од страна на имуните клетки исто така може да го уништат мозочното ткиво. И отокот предизвикан од страна на имунолошкиот систем на крајот го сплескува мозочното стебло, создавајќи фатален прекин на комуникацијата помеѓу телото и мозокот.

За да ја проверат теоријата, Maнан и неговите колеги споредувале како мозочните клетки се борат против амебата со или без помош од имуните клетки. Тие откриле дека кога имунолошкиот одговор бил отсутен, мозочните клетки преживеале околу 8 часа подолго.

Следствено на наодите, Maнан укажува на тоа дека лицата инфицирани од амеба прво треба да се третираат со лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, пред добивањето на лекови кои се насочени на паразитот.

Џенифер Копе од  Американскиот центар за контрола и превенција на болести, смета дека идејата е вредна за тестирање, но процесот ќе биде тежок поради реткоста на инфицирани случаи.

Иако стапките на инфекција не се значително зголемени од првиот пат кога е опишана амебата, пред 60 години, почнуваат да се појавуваат случаи  на неочекувани места, како што е северниот дел на Минесота. „Во САД се појави и првата инфекција поврзана со вода за пиење. Неопходно е да ги следиме сите заболени”, вели Копе.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација