Чувството за себе кај животните

Ова откритие укажува на тоа дека секое животно мора и може да има форма на самосвест.

Самосвеста често се смета како една од дефинирачките карактеристики на човекот, но наодите укажуваат дека самосвеста не е карактеристична само за човештвото и најверојатно често се јавува кај животните.

Истражувачите користеле низа експерименти за да откријат кои способности животните мора да ги имаат, со цел ментално да ја симулираат нивната животна средина.

Коментирајќи во врска со истражувањата, професорот Томас Хилс, изјави:

„Клучен увид на студијата е дека овие животни со потенцијали за симулирање на нивните идни активности мора да бидат способни да направат разлика помеѓу нивните замислени акции и оние кои се доживуваат”.

Истражувачите биле инспирирани од работата направена во 1950 година со навигација на стаорци во лавиринт. Тогаш кај глувците во лавиринтот било забележано дека често застанувале и размислувале за своите идни акции.

Сега, анализата на невронските мрежи покажа дека овие „изборни точки” кај стаорците и другите ‘рбетници активираат региони во хипокампусот, кои се појавуваат кога се симулираат избори и нивните потенцијални исходи.

Професорите Хилс и Бутерфил создале различни дескриптивни модели за да го објаснат процесот на одмерување на „изборните точки“ на глушецот.

Еден модел, можеби малку наивно, претпоставува дека животните ја инхибираат акцијата за време на симулацијата. Сепак, овој модел создава лажни сеќавања, бидејќи животните не би можеле да ги препознаат разликите помеѓу вистинските и измислените акции.

Вториот, само-активирачки модел, го објаснува проблемот  со „тагирање” на реалното наспроти замисленото искуство. Авторите ова го нарекуваат означување на „исконското себе.”

Коментирајќи во врска со наодите, професорот Хилс, вели:

„Студијата одговори на многу старо прашање: Дали животните имаат чувство за себе? Нашата прва цел е да се разберат најновите невролошки докази дека животните можат да се проектираат во иднината“.

Заклучокот е дека животните, па дури и роботите, можат да се подесат да разликуваат познато од непознато, минато и идно.

Поддржете ја нашата работа: