Дали можеме да ја зголемиме интелигенцијата?

Коефициентот на интелигенција (IQ) е одреден вид на мерење на интелектуална способност, поврзано со универзалното формално образование. Така, IQ тестовите се покажаа во умерена корелација со оценките во основното и средно училиште, ефикасноста на работата, професионалниот статус и бројот на години во училиште. На овој начин, преваленцата на тестови за интелигенција имплицира извесна Hаследна Теорија на интелегенција, која е прилично стабилна и непроменлива низ времето кај здрави индивидуи. Според овој пристап, интелегенцијата е единствен ентитет, апстракција на системот за секаква намена, кој се шири подеднакво низ сите интелектуални активности. Затоа, според оваа замисла, примарната основа на интелигенцијата првенствено е генетски определена.

Неспорно, тестовите за интелигенција се ограничени во некои од нивните примени и имаат проблеми со толкувањето. Тие не се соодветни за проценка на улогата на мотивација (веројатно е дека мотивирани индивидуи ќе вложат повеќе напори во тестовите за интелигенција, а со тоа и повисок скор), креативноста, социјалните вештини, практичната интелигенција, или мудроста и низа други релевантни варијабли. Сепак, Чарлс Спирман покажа, интересно, дека различните подгрупи кои се во склад  на инвентарот на интелигенцијата се позитивно корелирани, обележани како фактор „Г” , општиот фактор кој е во основата на сите интелектуални способности. Ова генеричко решавање на проблемот со системот, што популарно се нарекува „флуидна интелегинција“, е емпириски аргумент во прилог на наследната или генетската теорија на интелигенција.

Навистина, расположливите податоци од истражувања на близнаци укажуваат на тоа дека гените се главната детерминанта за ова гледиште на интелегенција. Така, постои една битна група психолози, невролози и останати научници кои мислат дека вашиот фактор Г не е подложен на промени, иако не е сосема јасно како овој фактор и околината комуницираат едни со други. На пример, Џек Наглиери, експерт за интелегенција од Универзитетот во Вирџинија, потенцира да не мешаме способност со знаење. Вистински начин на мерење на интелигенција, вели тој, е да се измерат оние способности кои што придонесуваат за стекнување на знаења, независно од самото знаење. Така, овој психолог имплицира дека интелегенцијата е нешто релативно независно од искуството на учење.

Сепак, реномирана статија објавена во магазинот „Nature“ од Прајс и нејзините колеги го оспориле непроменливиот поглед на интелигенцијата. На почетокот, студијата имала 33 адолесценти, од 12 до 16-годишна возраст. Тимот им задал тестови за интелигенција, ги следеле четири години, а потоа ги тестирале повторно со истите алатки за мерење. Флуктуациите во IQ биле извонредни: не за неколку, туку за 20-плус IQ поени. Овие промени во IQ тестовите, според научниците, не се случајни. Така, исто така постои важна група на научници кои тврдат дека многу од промените на коефициентот на интелегенција се во корелација со промените во животната средина, особено образованието.

Тоа е аналогно на фитнес. Тинејџер кој вежба на 14 г. може да биде помалку фит на 18 доколку престане и обратно.

Покрај тоа, исто така, постои одреден број на студии кои покажале мозочни промени по неколку видови на образовни режими. Студијата со таксисти од Токио особено се истакнува. Научниците спровеле тестови за меморија, визуелни  и просторни информации тестови и го скенирале мозокот на 79 таксисти во Токио на почетокот на нивната обука за возење. На почетокот на студијата, не се пронајдени варијации во нивната мозочна структура или меморија. Три до четири години подоцна, сепак, научниците откриле значително зголемување на сивата маса во задниот дел на хипокампусот. Се разбира, оваа промена не е забележана кај другите возачи кои не возат такси. Така, овој вид на студии укажуваат на тоа дека мозокот може да се промени со цел да се приспособи на новите знаења, па така идните програми за доживотно учење се можни.

Да сумираме. Не е сосема јасно што е интелегенцијата, а со тоа и како директно да се зголеми. И покрај тоа, ние може да гледаме на интелегенцијата, од практични причини, како почетна точка во животот. Се разбира, ние сме родени со одредени капацитети и карактеристични особини кои ги откриваме и развиваме подоцна во животот, без оглед на нашата индивидуална генетска позадина. Така, наместо да фрустрирачки да се обидувате да го зголемите вашиот фактор Г (за кој се’ уште нема општ консензус) она што можете да направите е да се фокусирате на вашите неколку кристализирани интелегенции: можноста за употреба на вештини, знаење и искуство. Ако сте научник, набљудувајте и анализирајте иформации, ако сте филозоф, организирајте ги и претворете ги во знаење, ако сте уметник, толкувајте ги. Различни области на интелигенција имаат различна важност во живот на секој човек, а вие дефинитивно може да се подобрите во одредени активности преку пракса и дисциплина.

Поддржете ја нашата работа: