Луѓето или го сакаат или го мразат. Но, за едно нешто генерално сите се согласуваме – им одзема многу драгоцено време, на многу луѓе. Секако, тоа може да биде лесен начин за контакт со голем број на пријатели и членови на семејството, но каков ефект има Фејсбук врз оние кои поминуваат неколку часа на ден на сајтот? Според авторите на ова истражување, Фејсбук има вистински емоционални ефекти врз корисниците … и тие не се добри. Истражувачите одржувале контакт со учесниците во истражувањето, пишувајќи/четувајќи со нив 5 пати дневно со цел увид во емоционалната состојба. Паралелно, ја набљудувале употребата на Фејсбук во текот на денот.
Излегува дека учесниците се чувствувале полошо и имале помалку задоволство од животот по зголемувањето на употребата на Фејсбук.
Методологија на истражувањето
Тргнувајќи од тезата дека Фејсбук негативно влијае на субјективната добросостојба, истражувачите земале мостри, најсигурен метод за мерење на ин-виво однесување и психолошки доживувања. 2 недели комуницирале со луѓето, пет пати на ден (чет пораки) за да испитаат како употребата на Фејсбук влијае на две компоненти од субјективна благосостојба: како луѓето се чувствуваат од момент до момент и колку се задоволни со своите животи.
Резултатите покажуваат дека употребата на Фејсбук поттикнува негативни промени кај двете мерени варијабли.
Колку повеќе луѓе користат Фејсбук во еден момент, толку полошо се чувствувале следниот пат кога истражувачите им пишале. Колку повеќе тие користеле Фејсбук во текот на две недели, толку повеќе нивните нивоа на задоволство од животот се намалиле со текот на времето.
Комуницирањето, само по себе не е асоцијација на негативност. На површината, Фејсбук, дава непроценлив извор за исполнување на основната човечка потреба за социјални врски, вклученост во група, подршка итн.
Меѓутоа, кога ќе „поткопаме“ подлабоко, наместо Фејсбук да ја подобри благосостојбата, сепак, овие наоди укажуваат на тоа дека ја ослабнува.