Флуоросцентни протеини наместо рентген

Како резултат на серија на експерименти, протеинот може да се користи во медицински истражувања. Тоа особено овозможува „потенцирање” на внатрешните органи, потребно за откривање на тумори и други болести.

Новиот метод, за разлика од Х-зраците, е апсолутно безбеден и може да се користи неколку пати во краток временски период. Покрај тоа, протеинот не содржи токсични материи. Така, неговата употреба овозможува континуирано следење на воспалителниот процес и развојот на тумори во телото. Во зависност од видот на протеини, светлината која ја емитираат може да биде зелена, жолта или светло сина.

Досегашните флуоросцентни протеини имаат слаба способност да емитираат светлина која скоро целосно се апсорбира од страна на хемоглобинот. Сега научниците успеаа да интегрираат два биополимери најчесто користени во медицината, изолирани од медузи и алги. Потоа додале сино зелена фитохром супстанца. На тој начин емитираната светлина од протеинот се зголемува за 20 пати.

„Во иднина, овие технологии може да се користат во уличното осветлување. Доколку флуоросцентните протеини се имплементираат во дрвјата, изгледот на градовите ширум светот драматично ќе се промени: конвенционалните светилки ќе бидат непотребни” – вели менаџерот на проектот.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација