Глобални статистики за зависност од алкохол, цигари и дрога

За прв пат, истражувачите комбинираа темелни податоци од истражувања за да направат целосен извештај за последиците од конзумирањето на тие супстанци. Нивните откритија се објавени во списанието „Addiction“.

Истражувачите собирале податоци за тоа колку луѓе користат алкохол, дрога и цигари, а главен извор им била Светската здравствена организација и Американскиот оддел за дрога и криминал, како и други онлајн извори на глобални, национални и регионални информации. Потоа, податоците ги подредиле врз основа на регионот и економскиот статус. Некои откритија биле предвидливи, како на пример дека многу алкохол се конзумира во Русија, а малку во муслиманските земји. Но, целокупната важност е формирањето на целосен извештај за конзумирањето на дрога и алкохол, со споредба на различни региони.

Во светот, околу 5% од популацијата (240 милиони луѓе) се зависни од алкохол. Под зависни подразбираме лица кои компулсивно пијат, немаат контрола врз пиењето и не можат да престанат дури и кога се свесни за проблемите. Околу 20% од популацијата (повеќе од милијарда луѓе) пушат цигари. Потешко е да се соберат статистички податоци за употребата на нелегални дроги, но од ограничените податоци се проценува дека околу 15 милиони луѓе во светот користат дрога.

Фактот дека цигарите и алкохолот го зголемуваат ризикот од прерана смрт е непобитен. Но, според извештајот, алкохолот има поголемо влијание на продуктивните години од животот. Тоа значи дека, покрај ризикот за прерана смрт, оние кои се зависни од алкохолот имаа лоша здравствена состојба во текот на долг временски период, стануваат неспособни за работа и за односи со останатите, и се соочуваат со целосно намалување на квалитетот на животот.

Исто така, разликите помеѓу регионите се големи. Луѓето од источна Европа конзумираат најмногу алкохол и цигари, додека Азијците најмалку. Оние земји кои се претежно муслимански имаат пониска стапка на потрошувачка на алкохол. Потрошувачката е исто така помала и во најмалку развиените земји.

 

 


Разликите во полот во рамките на државите, исто така играат важна улога. На пример, во Саудиска Арабија, 38% од мажите пушат цигари, во споредба со само 5% од жените. Или пак во Витнам, со 46% од мажите и само 2% од жените. Но, тоа не е така на Западот. На пример, во Обединетото Кралство, бројот на мажи и жени кои пушат е еднаков – 22%.

Ваквиот извештај, односно податоци за зависностите на глобално ниво, ја нагласуваат потребата за земјите детално да истражуваат и да известуваат на оваа тема, со цел да се добијат комплетни информации кои би им помогнале на поединечните земји да преземат мерки за решавање на проблемот. Пред се, ова се проблеми кои може да се решат.

Поддржете ја нашата работа: