Како што се објаснува во видеото, најпрво се активираат рецепторите на јазикот со кои го чувствувате слаткиот вкус. Ова испраќа сигнал до мозочното стебло (продолжениот мозок) и кората на големиот мозок, каде што се обработуваат нашите вкусови. Потоа, кората на мозокот испраќа сигнал до системот за награди во мозокот преку серија на хемиски и електрични патишта за во основа да одговори на едно потсвесно прашање: „Да го направам ли тоа повторно“? Па, кога го имате тоа топло задоволно нејасно чувство откако ќе изедете еден куп домашни колачиња, тоа е системот за награди во мозокот кој ви одговара да го повторите истото.
Храната не е единствениот стимулант за овој систем. Тој исто така се активира и од секс, социјален контакт и дроги. Во мали дози, ова не е лоша работа. Но, кога има премногу шеќер, или се конзумира многу во текот на подолг временски период, исто како и со дрогата, може да предизвика серија настани во мозокот кои ќе доведат до нескротлива желба за шеќер, губење на контролата и зголемена толеранција на шеќер.
Да се навратиме на јадењето слатки, откако ќе се активираат рецепторите на јазикот. Храната патува до стомакот и цревата, каде што исто така има рецептори. Тие испраќаат сигнал до мозокот дека сте најадени и го известуваат телото доколку треба да се произведе повеќе инсулин за да се регулира нивото на шеќер во крвта.
Најважниот адут на системот за награди на мозокот е допаминот – познат невротрансмитер што се лачи кога правиме нешта во кои уживаме, како на пример кога јадеме чоколадо или имаме секс. Ако имаме премногу допамин, може да предизвика зависност со тоа што нашето тело постојано ќе сака повеќе.
За среќа, шеќерот не произведува допамин толку насилно како дрогата, но има уникатен ефект кој објаснува зошто може да го јадеме истото слатко секој ден, без да ни здосади неговиот вкус. Погледнете го видеото: