Професорот по психологија Eзекиел Морсела е автор на „теоријата за пасивна рамка“ и го споредува свесниот ум со преведувач којшто им помага на говорниците да комуницираат на различни јазици.
„Преведувачот презентира информации, но не создава аргументи и не влијае врз податоците кои ги презентира“, вели Морсела.
Слично на тоа, информациите во нашата свест не се создадени од страна на свесни процеси.
Теоријата е објавена во „Behavioral and Brain Sciences“ и противречи на досегашните интуитивни верувања за човековата свест и поимот за себе.
Свеста, според Морсела, е повеќе рефлексивна, а помалку намерна. Бидејќи човечкиот ум доживува свест кога е вовлечен низ нагони, мисли, чувства и физички активности, луѓето веруваат дека свеста го контролира овој огромен број на импулси. Но, во реалноста, Moрсела тврди, свеста го прави истото одново и одново, оставајќи впечаток дека тоа е тешка задача, иако не е.
Според рамката на Морсела, слободната волја, која луѓето обично ја поврзуваат со свесниот ум, односно идејата дека нашата свест, како „одлучувач”, наведува на насоките за дејствување – не постои. Наместо тоа, свеста споделува информации само за контрола на акцијата, или целта – ориентирана од движењата на скелетно мускулниот систем.
Морсела ја споредува свеста со интернетот. На интернет можете да купите книги, да резервирате хотелска соба и да завршите илјадници други задачи. Од таа перспектива интернетот се чини неверојатно моќен. Но, во реалноста, човекот кој седи и клика пред компјутерот ја има моќта. Интернетот само го завршува истиот базичен процес, без слободна волја сама по себе.
Теоријата за пасивна рамка, исто така, се опира на интуитивното верување дека едно свесно размислување води кон друго.
„Едната мисла не знае за другите, само што често имаат пристап и и функционираат според истите, несвесни информации”, изјави Moрсела. Имате една мисла, а потоа друга, и мислите дека создавате низа, но се чини дека процесот е поинаков.
Морсела и неговиот тим ја развивале теоријата повеќе од 10 години. Секако, не очекуваат да биде лесно и брзо прифатена. Една од причините зошто им требало толку време за заклучокот е тоа што луѓето често имаат забуни во однос на свеста, што навистина е, а што тие мислат дека е. Исто така, повеќето пристапи за свеста се фокусираат на перцепцијата, а не на акцијата.
Теоријата има големи импликации во изучувањето на менталните нарушувања.
Зошто имате мисли кои не би требало да ги имате?
Затоа што, во извесна смисла, системот на свеста не знае дека не треба да размислува за нешто.
Се чини дека уште почетокот на еволуцијата ние повеќе се трудиме да ја создадеме свеста за одредени акции, отколку да ја разбереме.