Во моментов астрономите немаат идеја од каде доаѓаат и кој ги предизвикува тие бранови.
Првиот извештај за ваква појава беше во 2007-ма година. Данкан Лоример и неговите колеги го открија во позадината на снимките направени одрадио телескопот „Parkes“ во Австралија.
Телескопот „Parkes“ во тоа време тврдел дека изворот на овие бранови се наоѓа многу далеку од нашата галаксија. Потоа, истиот телескоп забележал уште слични бранови, но било очигледно дека потекнуваат од извор кој е многу поблиску.
Другите астрономи почнале да се сомневаат дека екстра-галактичката детекција на „Parkes“ била само чиста среќа, меѓутоа тоа се смени минатата година кога една статија што се појави во „Science“ , објави дека се забележани четири нови вакви појави.
Но, сомнежот сепак постоел, бидејќи сите детекции биле направени само од еден телескоп, односно од телескопот „Parkеs“.
Некои астрономи пак, се сомневале дека воопшто не ни постои никаков астрономски настан и сметале дека се работи за некаков проблем со електрониката на телескопот.
Меѓутоа, очигледно е дека не е така, бидејќи и телескопот „Arecibo“ во Порто Рико детектирал иста таква појава.
Се појавија многу шпекулации околу тоа од каде потекнуваат овие мистериозни бранови. Некои астрономи сметаа дека тоа е пулс од енергијата која се создава кога супермасивните ѕвезди паѓаат во црна дупка. Други сметаа дека се предизвикани од силните соларни одблесоци што доаѓаат од блиските ѕвезди.
Мора да се спомене и дека постои мислење дека ова е предизвикано од вонземска интелигенција што намерно испраќа сигнали директно на Земјата.
Џејмс Кордес, астроном од Универзитетот „Кордел“, кој исто така е во потрага по објаснување на оваа појава, тврди дека не постои можност за вонземска вмешаност.
Астрономите ќе мора да пронајдат уште вакви примери пред да можат со сигурност да кажат што може да ги предизвикува, вели Кордес. Но за тоа треба време, а телескопите што се користат имаат, како што вели Кордес, „тунел поглед”.
„Ние не го гледаме целото небо туку само еден тесен дел од него. Затоа, за да се уловат ваквите бранови ќе биде потребно и малку среќа”, вели Кордес.