Способноста да се мисли, да се размислува за самите себе и нашето однесување и да се планира однапред, можеби е карактеристика што најмногу не дефинира нас, луѓето – врвната гордост на еволуцијата. Но, размислувањето не е секогаш благодет.
Понекогаш луѓето заглавуваат со тоа. Луѓето се често обземени од минатото, преживувајќи ги настаните одново и одново. Други се парализираат размислувајќи што ќе се случи следно. И двете форми на прекумерно размислување го трошат ограничениот капацитет на мозокот за внимание, доведувајќи до „застој“ во умот и комромитирање на менталното здравје. Едната од овие форми е позната како депресија, а другата како вознемиреност. Двете состојби се широко распространети во нашата култура денес.
Интуицијата може да се смета скоро како потполна спротивност на овие две состојби. Тоа е веродостоен начин на спознание и може да биде од корист во разни околности.
Интуицијата може да се објасни на повеќе начини, но сите претставуваат еден вид на загатка. Интуицијата е всушност вашиот мозок на автопилот, кој своите активности за обработка на информациите ги изведува надвор од вашата свесност. Тоа е несвесно размислување.
Може ли да ѝ верувате на интуицијата?
Треба да знаете дека ваквото автоматско обработување на информациите што е засновно на интуицијата е нешто што веројатно го доживувате секој ден.
Размислете за феноменот што се нарекува „автопат-хипноза“. Се возите со својот автомобил со километри без свесно да размислувате за тоа. Го управувате возилото, реагирајќи на условите на патот и на другите возила, значи, очигледно вашиот мозок ги обработува новодојдените информации, а вие само не сте свесни за тоа. Или кога одејќи по улица ќе „потонете“ во своите мисли и наеднаш ќе се најдете на местото каде треба да стигнете, без свесност за процесите што ве довеле таму.
Честопати е безбедно да се потпрете на несвесните автоматски процеси кога извршувате познати задачи, н што е со посложените ситуации?
Несвесните процеси се постојано присутни во донесувањето сложени одлуки. Толку често што ние едноставно не им придаваме важност. Честопати ние се наведуваме од критериуми што звучат рационално за нашите чувства и дејствување и не ги распознаваме личните чувства што се појавуваат спонтано.
Понекогаш потполно го потиснуваме нашето природно ниво на интуиција, игнорирајќи го нашиот вроден одговор, во корист на она што – според судот на другите – се смета како соодветен одговор.
Истражувањата покажуваат дека сме способни да направиме добра проценка за храната, а честопати и за луѓето, врз база на несвесните процеси, но ако намерно размислуваме за нашите склоности и одлуки, ние всушност работите ги правиме полошо. Вистината е дека сите фактори што влијаат на нашите реакции не и се „достапни“ на нашата свесност.
Нема замена за собраните информации за некоја задача или ситуација што е пред нас. Но, не треба ни да се плашиме зотоа што не ги знаеме сите причини за она што го чувствуваме во секојдневните ситуации. Па, одговорот е да, може да и веруваме на интуицијата!