Научник на денот: Фaнула Папазоглу

Фанула Папазоглу (3 февруари 1917 – 26 јануари 2001) е македонски и југословенски класицист, епиграф и академски работник, експерт по древната историја на Балканот.

Основно и средно образование завршила во Битола, Филозофски факултет во Белград, отсек класична филологија со историја на стариот век и археологија (1936-1941). За време на војната, како член настудентската организација учествувала во НОБ од самиот почеток. Во Белград заминала во мај 1945 г, работела во Министерството за информации и во 1946 г. дипломирала на Филозофскиот факултет. По дипломирањето во 1947 г. била избрана за асистент, а во 1949 г. за предавач на Катедрата за историја на стариот век. Во 1955 г. докторирала и веднаш е избрана за доцент, а во 1960 г. за вондреден професор и шеф на Катедрата.

Уште со својата докторска дисертација „Македонските градови во римско време“, покажала длабочина во познавањето на темелните прашања на општествената историја.

papazogluБлагодарение на нејзините истражувања на старобалканското „варварство“, денес се знае дека политичките заедници на најјужните претставници на племињата што го населувале Балканот (Трибалите, Автаријатите, Дарданците, Скордисците и Мезите) напредувале во својот развој за време на доцнокласичниот и хеленистичкиот период до степен на вистински држави. Целиот работен век тесно е поврзан со Македонија, а особено соработувала со списанието „Жива Антика“ од неговиот прв број (1951 г.). Предмет на нејзиниот научен интерес е историјата на античка Грција и Рим од најстариот период до Византиско време, потесно историјата на старобалканските племиња, а особено политичката, културната и економската историја на античка Македонија и тоа строго врз основа на критичко проверени литерарни, археолошки, епиграфски и нумизматички извори.

Папазоглу има објавено опширни и мошне квалитетни студии за сите доскоро малку познати палеобалкански племиња, но во центарот на нејзините научно-истражувачки преокупации е Македонија од периодот на римската доминација, во текот на околу 700 г. Во 1974 г. била избрана за дописен член на Српската академија на науките и уметностите, а во 1982 г. за нејзин редовен член. Член е на АНУ БиХ, а за член на МАНУ надвор од работниот состав избрана во 1994 г.

Од нејзиниот огромен научен опус, најзачајни трудови во врска со историјата на античка Македонија се: „Македонски градови у римско доба“, „Жива антика“бр.1, „Македонските градови во римската епоха“ (Les villes de Mace doine a l’epoqueromaine), издадена во Париз (1988), како и „Inscriptiones Macedoniae Septen trionalis“, издадена од Берлинската академија во капитална едиција „Sorpus inscriptionum Graecarum“, во која се објавени резултатите од меѓународниот проект на САНУ, МАНУ и Берлинската академија на науките за издавање на епиграфски и нумизматички извори за РМ.

Поддржете ја нашата работа: