Американците се обидуваат да одговорaт на овие основни прашања долго пред трагичниот настан во црквата во Чарлстон, и очигледно се’ уште ги немаме одговорите. Но, како што излезе, овие прашања се засноваат на верувањето дека навистина постојат различни раси на луѓе. Научниците не се согласуваат.
Всушност, многу заеднички ставови во врска со расата и расизмот се базирани на погрешни информации.
„Хафингтон Пост“ разговараше со д-р Роберт Сусман, еминентен антрополог од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис и автор на митот за расите: проблематичната долготрајност на ненаучната идеја. Еве ги неговите ставови и одговори.
Дали концептот на различни раси има научна валидност?
Во биологијата, постои концептот на подвидови, или раса. Со текот на времето животните од видовите може да се одвојат и да развијат различни популации со различни генски фреквенции. Ако тоа се случува во текот на еден многу долг временски период, поради генетските разлики тие се развиваат во два различни видови. Во текот на овој период, различни популации на животни се развиваат во различни подвидови – разликите ќе бидат големи, но за време на транзиција, тие се’ уште се слични и поврзани. Така, на пример, различни популации на цицачи може да бидат многу различни еден од друг, но, ако се соберат (во зоолошка градина, на пример), тие се’ уште може да се размножуваат. Постојат голем број на подвидови или раси на шимпанза во Африка. Тоа се одделни популации со некои специфични биолошки разлики и со голем број на генетски разлики во секој од видовите.
Биолозите сега имаат начин на мерење на овие биолошки и генетски разлики. (Во суштина, подвидовите се географски, морфолошки и генетски различни популации, но се’ уште поврзани.) Ние можеме да ги анализираме различните популации на цицачи, на пример, и да видиме колку слична генетика имаат – односно моделите и износот на генетскиот диверзитет во рамките на и помеѓу популацијата.
Сепак, генетските разлики меѓу човечките популации не се слични на оние кои се наоѓаат меѓу многу други популации кај цицачите. Современите луѓе (Homo sapiens) биле на земјата само околу 200.000 години и не се одделени еден од друг за секој подолг временски период.
Можеме ли да ја измериме поделбата што се случила меѓу луѓето?
Користењето на специфични генетски мерења би било во можност да ја измери висината на варијабилноста помеѓу различни популации на цицачи (една мерка се нарекува резултат Fst – резултат од 0-1, со што 1 е сосема поинаков вид). За генетичарите, цицачите би требало да имаат резултат од 0,30 за да се сметаат за вистински подвид или раса. Различните којоти имаат резултат од 0,40, а шимпанзата имаат резултат од околу 0,70 во мерењето на генетските разлики меѓу популацијата. Луѓето имаат само резултат од 0,156.
Од каде потекнува концептот на човечки раси?
Концептот на човечки раси започна за време на Шпанската инквизиција (околу 1480), кога беше воспоставена чистотата на крвниот декрет и оние на христијанството кои се потребни за да се докажат христијанските корени. Расизмот стана дури и повеќе основан малку подоцна, за време на колонизацијата, кога беа развиени две теории за да се објасни зошто луѓето во другите делови на светот функционираат и се однесувааат поинаку од Европејците: „Другите” биле или оние кои што се создадени од Бога, но се дегенерирале (моногенизам), или пак оние кои биле тука пред Бог да го создаде Адам (полигенизам или пред-Адамитите). Поранешните, иако дегенерирани, може да се подобрат со мисионизација или со давање на соодветно образование.
Вистинската идеја на специфичните раси, која се развива преку долг процес до денес, започнува од Западните философи, како што се Дејвид Хјум, Кант и Јохан Блуменбах во 1700-тите, иако тие се ‘уште се под влијание на теориите на моногенизам и полигенизам.
Дали повеќето научници не се согласуваат со концептот на раси? Ако е така, зошто постојат?
Повеќето биолози, генетичари, и антрополози го отфрлаат концептот за раси. Прво, затоа што отсекогаш беше тешко да се опишат карактеристиките кои ја сочинуваат на расата, и кој на која раса припаѓа. Сега, генетските истражувања покажаа дека има повеќе генетски сличности помеѓу различни популации отколку разлики. Сепак, идејата за раси во западната култура е многу стар и длабоко вкоренета, и многу луѓе не ја разбираат и не веруваат во модерната наука на човечката генетика. Расите се дел од нивниот свет.
Поголемиот дел од луѓето не се научени дека расите не постојат биолошки. Тие немаат добро образование или образование за модерната човечка биологија. Тоа не е дел од конвенционалниот образовен план.
Како антрополозите размислуваат за различни групи на луѓе?
Антрополозите гледаат на нив како етнички групи. Различни луѓе имаат различно потекло, однесувања, погледи на свет, вредности, општествени организации, итн, поради нивната социјализација, историја и култура, а не поради нивната биологија.
Колку човечката ДНК се разликува од група до група?
ДНК не мора да се разликува меѓу различни групи на било кој препознатлив начин. Вие не може да разликувате било која група/раса според ДНК. Повторно, постојат повеќе сличности во ДНК помеѓу групите, отколку во нив. ДНК се разликува, поради животната средина, болестите и други видови на адаптации. Така, генските фреквенции за српести клетки ќе се разликуваат во зависност од местото каде што е роден на поединецот (и фреквенцијата на маларија во тој регион) и може да бидат исти за некој роден во Африка и за некој роден на Медитеранот. Генетските патишта за темна кожа се различни во Тамил Наду во Нигерија. Генетските својства не се поврзани меѓусебно. Не постојат биолошки предиспозиции кои не тераат да се плашиме од змии или од други луѓе. Ние ги промовираме и учиме овие однесувања.
Зошто човечките популации изгледаат толку различни?
Сите човечки популации се разликуваат една од друга, дури и во рамките на семејството. Луѓето развиваат различни адаптации со текот на времето. Исто така, постојат географски влијанија врз нашиот изглед. Потемните луѓе живеат или или имаат предци од многу сончеви средини и имаат развиено механизми против развој на рак на кожата, на пример. Луѓето во различни средини имаат различни видови на генетски разлики; генетиката на бојата на кожата е многу различни од генетиката на крвна групата, обликот на косата, или структурата на устата.
Луѓето со „слична” боја на кожата може да имаат многу различни форми на носот, поради различни адаптации на климата. Овие разлики се нарекуваaт „clines.” „Clines“ се генетски адаптации на фактори на животната средина , различни генетски адаптации во различни географски региони. Не постојат посебни раси и клинални разлики. Антропологот Ливингстон во 1962 изјавил „Не постојат раси, постојат само clines.”
Како резултат на гените , различни популации може да се соочат со различни слабости, на пример, ризикот од заболување од одредени болести. Дали некои популации имаат специфични физички или интелектуални особини?
Не постои индикација од научни докази дека различни популации имаат било какви специфични физички или интелектуални особини и способности. Овие карактеристики првично зависат од социјализацијата или воспитувањето. На пример, постои верување дека кошарката е спорт во кој црнците се најдобри . Сепак, тоа е „еврејски” спорт неколку децении наназад.
Физичките карактеристики, видовите на телото и слично се поврзани со различни фактори, но не со расите. Кошаркарите обично се високи, а постојат и многу високи, потемни луѓе. Сепак, тоа не значи дека сите црни и високи луѓе се добри кошаркари.
Овде зборуваме за популација, а не раса. Луѓе веруваат дека „црните” луѓе имаат поголем ризик од срцеви заболувања, но тоа не е точно. Многу Афро-американци би можеле да имаат повисока инциденца на срцеви заболувања, но тоа не е точно во Африка. Стресот е главен фактор во врска со „црнечката” срцева болест во Америка, и тоа главно е поврзано со други фактори. Многу други болести се, исто така, со поголема веројатност да се појават кај одредени етнички популации, но повеќето од нив се однесуваат на физички и еколошки фактори, од кои сите се поврзани со поединецот, а не со некој општ „расен” фактор.
Дали сме еволуирале да бидеме сомничави и расистички настроени кон другите? Ако е така, зошто?
До некаде ние сме „подесени“ да бидеме сомничави, но тоа би можело да биде и културна адаптација. Ние можеме да ги учиме нашите деца да бидат расисти. Сепак, ние исто така може да ги учим нашите деца да бидат отворени за странци. Тоа навистина зависи од нашето образование и социјализација, а не од нашата биологија.
Дали расизмот некогаш ќе исчезне? Што е потребно за да се случи тоа?
Јас не сум сигурен дали расизмот ќе исчезне во САД или во Европа. Тоа е толку интензивен дел од нашата култура. Сепак, ние можеме во голем дел да го намалиме. Мора да ги учиме нашите деца (и возрасни колку што е можно) на реалноста на она што е се нарекува концепт на раса и како тоа е сосема биолошки неточно. За таа цел, мора да ги запознаеме со историјата на концептот на расата и расизмот, како што е развиена во текот на изминатите 500 години, и она што навистина значи. Луѓето треба да се запознаат со генетските варијации и со тоа како тие може да бидат исклучително добри како за популацијата, така и за поединците. Понекогаш луѓето прават лоши нешта – како нацистите – но тие беа научени и мотивирани. Тоа не е вродено, генетско однесување.
Постапките на луѓето зависат од нивната историја, нивната позадина, нивните соседи, а не од расата! Впрочем, варијацијата е зачин на животот!