„SOHO“ детектираше 3000-та комета

Кометата ја забележал Ворачате Бунплод (Worachate Boonplod) од Тајланд, на 14 септември 2015 г.

„SOHO“ беше лансирана во 1995 г. за да го набљудува Сонцето и неговата бурна атмосфера, и протокот на соларниот ветер во меѓупланетарниот простор. Неговата задача како детектор на комети била непланирана, но се покажала како неочекуван успех. Поради тоа што има чист поглед на околината на Сонцето, „SOHO“ може лесно да ги забележува кометите.

Околу 95% од кометите се пронајдени од страна на граѓани-научници, благодарение на тоа што податоците се јавно достапни на интернет.

 

Поддржете ја нашата работа: