Според новата студија, објавена во списанието Astrophysical Journal, секои 11 години Сонцето расте и се намалува за 1 до 2 километри. Би можело да се рече дека “дише”, иако сосема полека.
Тие се исклучително слаби “вдишувања” и “издишувања”, додека дополнителните километри му го зголемуваат радиусот за најмногу 0,00029%.
Како и во случајот на неколку неодамнешни студии, научниот тим се фокусирал на протокот на плазма која бега и се враќа на соларната површина. Испаѓа дека фреквенцијата на плазма брановите кои се шират преку ѕвездите не се толку различни од звучните бранови кои произведуваат музичките инструменти.
Фреквенциите на брановите се менуваат во зависност од тоа колку е големо Сонцето, а тоа можат да го измерат научниците на Земјата. Сепак тоа не е лесно. Требаше да поминат 21 години во набњудување со два одвоени телескопи на НАСА за да дојде до ова откритие.
Сето ова “дишење” е поврзано со соларниот циклус.
Секои 11 години, Сонцето се движи од соларниот максимум до соларниот минимум. На максимумот, сончевите пеги се појавуваат често и се собираат над и под екваторот. Повеќе сончеви пеги ја подобруваат шансата да се појават соларни бури.
Таа активност е поттикната со магнетска активност длабоко во Сонцето. Всушност, плазмените бранови кои тимот ги набљудувал пливале под површината во ред од неколку милиони метри, блиску до радиусот на Земјата кога е во прашање оддалеченоста.
Сонцето мноу малку се шири за време на минимумот, а и се собира за време на максимумот. Иако научниот тим истакнува дека моментално нема теорија која ги поврзува поместувањата со промените на внатрешните магнетни замаглувања на Сонцето, тие сугерираат дека тоа е поврзано со промените на ориентацијата на магнетните полиња кои се јавуваат во текот на циклусот.
Областа на истражувањето е позната под името хелиосеизмологија, што во принцип е еквивалентно со земната сеизмологија, но во Вселената.
Важно е да се напомене дека оваа неверојатно мала промена на сончевите димензии не влијае на климата на Земјата.